Сиљановска Давкова на средба со Алијев во Баку

March 11, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која е во официјална посета на Азербејџан претпладнево беше пречекана со највисоки државни и воени почести од нејзиниот домаќин Илхам Алијев во претседателската резиденција „Зугулба“  во Баку. 

Во тек е тет-а-тет средба на Сиљановска Давкова и Алијев по што следува следува пленарен состанок на двете делегации. 
Во состав на македонската  делегација е и минисетрот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Претседателката попладне ќе одржи предавање пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку.
Според агендата, Сиљановска-Давкова утре ќе има средби со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов, а задутре ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што се одржува во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Претседателката ќе се обрати на свеченото отворање на форумот, а ќе има и обраќање на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“. 

Според најавите, на форумот е предвидено присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Историската тврдина Хошап нуди прекрасна глетка во зима

Следно

ЕП отвора канцеларија за Западен Балкан во Албанија

Latest from Blog

Ужас во парк во Калифорнија: Барале велигденски јајца, пронашле човечки череп (ВИДЕО)

Остатоци се откриени во неделата попладне во паркот Де Форест во Лонг Бич, соопшти градската полициска станица. Откритие во близина на планинарска патека Службениците подоцна потврдија дека черепот е човечки, а Канцеларијата

Волонтерството е популарно во развиените земји: каква е состојбата во Македонија?

Волонтирањето кај македонските граѓани не е толку застапено како во развиените земји ако судиме според статистички податоци. Некои анализи покажуваат дека Македонија ја има една од најниските стапки на волонтирање во светот

ЛШ: Баерн го „замолкна“ Мадрид, Хаверц во фото-финиш за победа на Арсенал (ВИДЕО)

Баварскиот гигант со предност од 2:1 заминува на домашен терен очекувајќи го реваншот со Реал (М) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Одлично тактички подготвениот тим на Винсен Компани покажа дека е
Go toTop