Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик, народ, нација и идентитет се неразделен квартет

February 6, 2025
1 min read

Пред 80 години одекна првиот час на современ македонски јазик во училниците на битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ како глас што се распламти, како идеја што се втисна, како светлина што го осветли патот на идните генерации. Македонскиот народ, македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неразделен квартет, истакна претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова на свечена академија во Битола посветена на јубилејот од одржувањето на првиот час на современ македонски јазик.

Сиљановска Давкова посочи дека оваа гимназија е столб на знаењето, чувар и засолниште на јазикот што, како што рече, низ вековите бил жигосуван, но никогаш непокорен.

– Првиот училишен час во 1945 година за мене не е само почеток на настава на современ македонски јазик, туку симбол на новото раѓање, на преродбата на македонскиот народ, чекор кон неговата духовна еманципација. Тогаш во времињата на надеж, но и на неизвесност, кога сеуште се слушаше ехото на војната и нејзината сенка беше надвисната над татковината, оваа гимназија ја прифати својата историска мисија да биде светилник на македонскиот јазик, на македонската култура, на македонскиот национален идентитет. Така, по многу сцили и харибди, македонскиот јазик конечно и трајно во битолската гимназија доби своја куќа, свој дом, свој, покрив, истакна Сиљановска Давкова.

Според претседателката, образованието е темел на прогресот на секоја држава и затоа порача, дека мора да се гради вистински однос кон образованието. Без знаење нема напредок, без јазик нема идентитет, рече Сиљановска-Давкова.

– Каква моќна меморија и порака има оваа гимназија. На првиот час се рецитирале Миладинов и Рацин на мајчин јазик, на македонски според стандардите што ги пропишал нашиот значаен, најзначаен лингивист и македонист Блаже Конески. Како претседателка и долгодишна професорка, како некоја која својот живот го посветила на образованието, горда сум на вашите достигнувања. Вие сте вреден и посветен колектив на даскали во најубавата смисла на зборот. Успесите што ги споменав се потврдени со бројни и значајни одликувања, награди и признанија. 80 години се зад нас, но пред нас се нови столетија. Ѕвончето што на 6 февруари 1945 година го означи првиот училишен час на македонски јазик, продолжува да одекнува. Почестена што сум што токму на овој јубилеј ми ја доделувате плакетата за особен придонес во развојот на македонскиот јазик и затоа порачувам, мораме да си го сакаме, негуваме и чуваме македонскиот јазик оти така ќе го сочуваме нашиот заеднички дом, Македонија, истакна Сиљановска Давкова.

Директорката на битолската гимназија Лидија Споа, освен на претседателката Силјановска Давкова, плакети им додели и на претседателот на МАНУ академик Живко Попов, на академик Владо Камбовски и на градоначалникот Тони Коњановски, поранешни ученици во гимназијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Колева во 24 анализа: Разрешувањето на членовите на Судски совет е предвидено со Закон и само така може да се изведе

Следно

Стопанска комора среќни поради одлуката за поништување на солидарниот данок

Latest from Blog

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина
Go toTop