Стопанска комора среќни поради одлуката за поништување на солидарниот данок

February 6, 2025
1 min read

Стопанската комора на Северна Македонија ја поздрави одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што, како што наведуваат, се потврдила исправноста на аргументите што бизнис-заедницата ги изнесувала во изминатиот период.

„Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува правната сигурност и предвидливоста на деловниот амбиент. Одлуката на Уставниот суд ја потврдува исправноста на ставот дека селективното и ретроактивно оданочување не е соодветен механизам за економско регулирање и испраќа важна порака за почитување на правната сигурност, која е клучен предуслов за економски раст и за привлекување на нови инвестиции“,” се наведува во соопштението од Комората.

Како најголема бизнис-асоцијација во земјата, се вели во соопштението, Комората настапила институционално преку формални дописи, аргументации и правни механизми, а иницијативата била поддржана од Управниот одбор, Надзорниот одбор, Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и други бизнис-асоцијации.

„Очекуваме во иднина секоја даночна политика да биде темелно анализирана и креирана во консултација со бизнис-заедницата, со цел да се избегнат негативни ефекти врз економијата. Стопанската комора останува посветена на транспарентен дијалог со институциите за создавање на одржливи економски политики што ќе го поттикнат растот и развојот на стопанството“, велат од Стопанска комора на Северна Македонија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик, народ, нација и идентитет се неразделен квартет

Следно

„Ако го укинеме Тик-ток ќе го направиме поатрактивен, а децата не ги спречува ништо да најдат друга апликација“, рече Андоновски

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop