Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш

December 21, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш кој денеска престојува во официјална посета на нашата држава.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателката, се разговарало за зајакнување на повеќедецениските билатерални односи, интензивирање на економската соработка и продлабочување на соработката меѓу парламентите.

Претседателката изразила благодарност за постојаната поддршка на Турција, нагласувајќи ги пријателските односи и споделувајќи лични и професионални искуства со турски колешки и колеги. Таа се заблагодари за бројните турски проекти и донации во земјава.

Залагајќи се за уште поинтензивни економски односи, претседателката се заложи за иницирање нови инвестиции и зголемување на обемот на трговската размена, стимулирањето на туризмот, како и интензивирањето на образовната и истражувачката академска соработка и размена.

Претседателката посочи дека Турција е и наш докажан сојузник во НАТО, изразувајќи благодарност за сите форми на поддршка, со особен акцент на редовните донации во областа на одбраната, коишто придонесуваат за зајакнување на нашата одбранбена способност.

Сиљановска-Давкова, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет, уште еднаш го честиташе 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, истакнувајќи го значењето на турскиот јазик и култура како дел од македонската мултикултурна ризница и симбол на соживотот меѓу Македонците и Турците.

Куртулмуш истакнал дека Турција ја препознава нашата држава како искрен и докажан пријател, нагласувајќи го значајниот статус и улогата на турската заедница во неа, што претставува силен доказ за меѓусебната почит и разбирање.

Средбата, се вели во соопштението, завршила со обострани заложби за продлабочување на блиските пријателски односи и унапредување на плодната соработка, при што претседателот Куртулмуш со особена чест ја покани Претседателката на официјална посета на Република Турција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кожув го совлада Работнички, ТФТ поразен во Битола

Следно

САД со осуда за рускиот напад на Киев во кој беше оштетена и македонската амбасада

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop