Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП во пресрет на Конференцијата во Севиља

June 12, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија и претставникот на УНДП во Скопје, Армен Григориан, во пресрет на одржувањето на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), што под покровителство на ООН ќе се одржи во Севиља, Шпанија, а на која ќе учествува Сиљановска-Давкова.

На средбата претседателката беше запознаена со целите, очекувањата и важноста на Конференцијата. Лидерскиот собир во Севиља, соговорниците го оценија како добра можност за изнаоѓање решенија за справување со финансиските предизвици во исполнувањето на Целите на одржливиот развој. Од Конференцијата, на којашто е најавено учество на повеќе од 50 шефови на држави и влади, се очекува да произлезе Платформа за акција, со конкретни иницијативи и финансии.

Сиљановска-Давкова смета дека без соодветни финансиски средства не е можно да се е реализира Агендата 2030. Таа укажа на потребата од реформирање на меѓународната финансиска архитектура, од поддршка на земјите во развој и поголема достапност на финансиите. Во инвестицискиот поттик на приватниот сектор и во јавно-приватното партнерство претседателката гледа решение за обезбедување на потребните средства. Потенцирајќи ги јасните цели, претседателката ја нагласи суштинската важност на мултилатералната и на регионалната соработка.

Претставниците на ОН ја поздравија силната посветеност на нашата држава на Агендата 2030, како и интегрирањето на целите за одржлив развој во националните стратегии и плановите за локален развој. Тие изразија задоволство од успешноста на Кредитната линија зa финансирање во зелена енергија (Green Financing Facilities), којашто овозможува инвестиции на малите и средни претпријатија во енергетска ефикасност и обновливи извори на  енергија.

Претседателката изрази подготвеност за натамошно проширување на билатералните односи со Шпанија и продолжување на одличната соработка со институциите на ОН. Таа го поздрави ангажманот на целиот тим на ОН во развојот на Рамката за соработка за одржлив развој 2026-2030, како стратешки документ, усогласен со националните развојни приоритети и меѓународните обврски за човековите права.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стартува кампањата „0% корупција – ајде да е вистина!“

Следно

Георгиевски во Аргумент плус: Во Македонија тешко се создава традиција но лесно се руши

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop