Сиљановска Давкова: Европските интеграции ни се високо на агендата

January 16, 2026
1 min read

Европските интеграции нас ни се високо на агендата. Ништо лошо ние немаме со соседите. Нам ни се потребни реформите не за да седиме во Брисел и за да одлучуваме за други, туку за да живееме европски, истакна вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Не мора, посочи таа, да значи дека вие европски се интегрирате само ако почнете преговори, потоа излезе некој нов проблем, па вие пак треба нешто да направите, па за да направите еден чекор напред, некогаш два чекори назад, најчесто лет во место, ама чувството ви е дека сте опкружени со Европа.

– Да, ние под итно, така како што треба реформски треба да влеземе во процесите на Копенхаген. Поинаков ќе биде односот. Ние имаме секогаш добра волја. Гледате дури и после оние чудни интерпретации на настанот со прозорецот човек доби впечаток дека се рабори за филм на Спилберг, така беше тоа опишано и веднаш излегоа и текстови кои не смеат таков говор да употребуваат каде се генерализира нацијата и односот, но ете излезе и наш граѓанин со бугарско самочувство и мислам дека тоа беше многу фер и многу одговорно и објасни дека не се работи за тоа за што некој мисли дека се случило, рече Сиљановска Давкова.

Значи, потенцира, ништо лошо ние немаме со соседите.

Таа рече дека како што градиме патишта, пруги, посакува да градиме и пријателство, меѓутоа мора еднаш да видиме до каде води уставната измена.

– Најпрво да потсетам ниту една уставна измена што била имплицирана од надвор не довела до обединување напротив ја продлабочила разединетоста внатре. Затоа не се оди надвор пред да се седне внатре особено кога се има шанса тоа да се направи во Собранието. Се разбира дека сум оптимист. Нам ни се потребни реформите не за да седиме во Брисел и за да одлучуваме за други, туку за да живееме европски. Меѓутоа последната реченица, ова што се случува во светот денеска не потсетува на реформи насочени кон прогрес, туку навистина бара разумно посветено, добронамерно решавање кое за жал е оневозможено или неможно заради слабоста и маргинализацијата на Обединетите нации. Еве пак јас звучам како некој од мала држава. Секогаш ние се повикуваме на право, на принципи, на институции бидејќи тогаш како дел од мултилатеризмот сме најзаштитени, рече претседателката.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Лука Најдоски е гордост на Прилеп и доказ дека младите имаат светска иднина

Следно

Џирона со гостински триумф кај Еспањол

Latest from Blog

Меланија Трамп претседаваше со СБ на ОН: Изградете идна генерација лидери кои ќе го прифатат мирот преку образование

Белата куќа соопшти дека состанокот на најмоќното тело на ОН се фокусираше на децата, технологијата и образованието во конфликтни ситуации. САД од завчера го презедоа едномесечното ротирачко претседателство со најважното тело на

Сообраќајот тековно, застои нема

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава

Познат актер присуствувал на моментот кога Трамп нареди напад врз Иран

Во авионот со Трамп беа и сенаторите Тед Круз, Џон Корнин и познатиот холуивудски актер Денис Квејд, објави АП. Потсетиме, генералот Ден Кејн изјави дека „претседателот нареди, и цитирам: „Операцијата „Епски бес“

Даштевска: Местото на Македонија е во Европа, но не по секоја цена

„Изминатата недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе шест закони со кои се намалува коефициентот на платата на функционерите, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, со тоа се докажува дека се работи на случајот.

Кирјас: Ништо ново од Брисел, Европа е затечена, без унифициран став и заедничка позиција, мора да биде проактивна

Од Брисел и Европа нема ништо ново, продолжува шареноликоста на изјави, ако сакаме да бидеме брутални, можеме да кажеме какафонија од Европа, рече Емил Кирјас, аналитичар и експерт за геопололитика, во вечерашното
Go toTop