Си-Ен-Ен: Холанѓанец станал татко на над 500 деца па добил судска забрана за донирање сперма

April 30, 2023
1 min read

Пресудата е донесена поради стравот за можен инцест меѓу големиот број на деца од донаторот, кои не би можеле да знаат дека се во роднинска врска. Според пресудата, на 41 годишниот маж му е запретена и казна од 100 000 евра за секое зачнување во иднина

Државјанин на Холандија, кој станал татко на повеќе од 500 деца низ целиот свет преку донирање на сперма, доби судска забрана да престане да донира семе на клиниките. Мажот е задолжен да им се обрати на сите клиники во странство и да побара да ги уништат сите примероци од неговото семе кои можеби ги имаат складирано, со исклучок на дозите кои се резервирани за родители кои веќе имале деца од него како донатор.

Судската пресуда предвидува и казна од 100 000 евра за секое идно зачнување.

Граѓанската тужба против 41 годишниот Холанѓанец ја поднела фондација која ги застапува интересите и на децата од донорот и на родителите кои го користеле мажот како донатор. Основа за тужбата им бил фактот дека со продолжувањето на донирањето од страна на Холанѓанецот, се нарушило правото на приватност на неговите деца чија слобода да формираат романтнични врски се сериозно загрозени од стравот за ненамерен инцест и зачнување деца меѓу блиску роднини.

Масовните донации на сперма на мажот веќе биле во фокусот на холандската јавност во 2017 година. Тогаш му било забрането да продолжи да донира во клиниките за плодност низ Холандија, каде е татко на повеќе од 100 деца.

Но, тој продолжил да донира во странство, вклучувајќи ја и данската банка за сперама „Криос“, која работи меѓународно. Мажот продолжил да се нуди и на интернет сајтови за парови кои бараат донатор. Понекогаш употребувал различни имиња.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чавушоглу: Туркије помогна во спречувањето на светската криза за храна

Следно

Украина: Експлозијата во складиште за нафта на Крим, подготовка за голема офанзива

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март

Познати четвртфиналните двојки: Дуели на титаните во Париз, Мадрид и Барселона

Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Барселона –
Go toTop