Швјонтек има нов тренер

October 17, 2024
1 min read

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек објави денеска дека го ангажирала белгискиот тренер Вим Фисет, познат по соработката со многу други грен слем победници.

Дваесетитригодишната полска тенисерка, која во кариерата има пет грен слем титули во поединечна конкуренција, од кои четири на Ролан Гарос, објави претходно овој месец дека се разделува со својот поранешен тренер, Полјакот Томаш Викторовски, по тригодишна соработка.

На социјалните мрежи, Швјонтек објави дека е „среќна што може да објави дека Вим Фисет се приклучува на нејзиниот тим“.

-Се чини дека има добар пристап, визија и големо искуство на највисоко тениско ниво, изјави Швјонтек.

Во минатото Вим Фисет работеше со големи ѕвезди на женскиот тенис вклучувајќи ги Белгијката Ким Клајстерс, Белорусинката Викторија Азаренка, Романката Симона Халеп и Германката Анжелик Кербер.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешни израелски шпиони на позиции во истакнати американски медиуми

Следно

Во Туркије, од Либан, евакуирани уште 169 турски граѓани

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop