Шведските политичари пишман што примија толку мигранти

March 19, 2024
1 min read

Во колумна за Експресен, пратеничката Луис Меијер, пишува „сега, напротив, се залагам за уште построга мигрантска политика отколку онаа против која тогаш бев.“

Меијер пишува и дека Шведска денес е сосема поразлична земја отколку што беше кон крајот на 20-от век, и дека има примено најмногу мигранти во западниот свет по глава на жител.

„Денеска една третина од шведската популација е со странско потекло. Во 1987 оваа бројка беше 11%,“ пишува Меијер, според која 20% од шведското население денес е со не-европско и не-западно потекло.

Општото расположение во шведската политика денес е многу поразлично отколку пред десет години, па и лидерите на Социјалдемократите се залагаат за построга миграција.

На последните избори, десничарските Шведски демократи станаа втора по големина партија во парламентот, каде стигаат благодарејќи на противењето на миграцијата.

Меијер објаснува дека во Европа само Франција, Британија и Холандија имаат слични бројки на мигранти како Шведска, но разликата е што тоа се луѓе од нивни поранешни колонии.

„Стана јасно, дека за Шведска да биде колку може подобра земја за сите луѓе што живеат тука, мора да имаме минимална миграција во догледна иднина. Тоа е неопходно за нашата држава да остане заедно,“ пишува Меијер.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

156 санкции за брзо возењe, секој втор дивеел во населени места

Следно

Позната причината за смртта на Колцов, момчето на Сабаленка

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop