Шведска треба да се однесува како утре да ќе излегува од ЕУ

May 22, 2023
1 min read

Првиот човек на Шведските демократи, Џими Акесон, инсистира земјата да се посвети на правење на неопходните подготовки за Швегзит, за во случај да се најде во таква ситуација владата да биде во што е можно подобра позиција за преговори со Брисел.

Тој и неговиот сопартиец, инаку евро пратеник, Чарли Вајмерс, во текст за Свенска Дагбладет предлагаат три мерки што мора да бидат преземени од шведската влада:

– Уставни промени кои ќе воведат задолжителен референдум за сите одлуки поврзани со пренесување повеќе овластувања од Стокхолм на Брисел.

– Да се направат сите неопходни подготовки за да биде подготвена кога ќе се донесе одлука за напуштање и да се легитимизира секоја закана за повлекување од Унијата во идните преговори со блокот. Ова подразбира и бришење од Уставот на делот во кој пишува дека Шведска е членка на ЕУ.

– Да се започне истрага за тоа како можат да бидат избегнати негативните аспекти на шведското членство во ЕУ.

Шведските демократи моментално не неформален партнер во владејачката коалиција, тие иако се за излегување на земјата од ЕУ, прифаќаат дека „тоа не е мнозински став меѓу шведскиот електорат“.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мбапе, Нејмар, Роналдо, Фердинанд…застанаа зад Винисиус Жуниор: Не си сам…(ФОТО)

Следно

Антикорупциска со полна пареа го анализира договорот со „Бехтел и Енка“, Ивановска не сака да шпекулира кога ќе завршат со работата

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop