Шведска: Стотици луѓе протестираат во Стокхолм против израелските напади врз Газа

December 14, 2024
1 min read

СТОКХОЛМ (АА) – Стотици демонстранти се собраа денес во Стокхолм, главниот град на Шведска, протестирајќи против израелските напади врз Газа и изразувајќи поддршка за Палестина, известува Анадолу.

Демонстрантите се собраа во областа Оденплан во Стокхолм, повикувајќи на итен прекин на израелските напади врз Газа, прекин на огнот и неограничен пристап за хуманитарната помош во Газа.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Во Газа се убиваат деца“, „Запрете го геноцидот“ и „Палестина засекогаш“.

Извикувајќи слогани како „Слобода за Палестина“, демонстрантите маршираа кон зградата на шведското Министерство за надворешни работи.

Учесниците ја критикуваа шведската влада за нејзината поддршка за Израел, обвинувајќи ја за соучесништво во израелските воени злосторства.

„Мораме да се сеќаваме на убиените во овој геноцид секој ден. Можеме да вршиме притисок врз нашата влада, политичарите и системот на најдобар можен начин и секаде каде што можеме. Како учителка, образував многу деца од целиот свет. Не гледам разлика помеѓу моите деца и другите деца. Не можам да разберам зошто сега сите не се тука за да извршат притисок врз Израел за тоа што го прави“, изјави за Анадолу активистот Ласе Адестест, учесничка на протестот.

Во октомври 2023 година, Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа, во која досега се убиени повеќе од 44.900 Палестинци, главно жени и деца.

На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со автобус до Попова Шапка – не одете со автомобили, нема доволно паркинг места

Следно

ДУИ: Владата без одложување да почне непристрасен и сеопфатен ветинг

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop