Шведска ја гледа Русија како најголема закана за сопствената безбедност до 2030 година

July 8, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Шведските власти денеска соопштија дека Русија претставува најсериозна закана за безбедноста на оваа нордиска земја до 2030 година, јавува Анадолу.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон, министерот за одбрана Пал Јонсон и советникот за национална безбедност Хенрик Ландерхолм на прес-конференција во Стокхолм ја претставија новата национална стратегија, наведувајќи дека моменталната закана за Шведска е широка и сериозна.

„Русија е најголемата и најсериозната закана за нашата национална безбедност“, рече Џонсон, пренесува медиумската куќа „Експресен“.

И во шведската стратегија се наведува дека воената моќ на Русија е сè уште значајна, без оглед на загубите што ги претрпе во војната во Украина.

„Русија има низок праг за употреба на воена сила, подготвена е да преземе големи политички и воени ризици и исто така покажа високи амбиции за нејзино повторно вооружување“, додаде Џонсон.

Според неговите зборови, други авторитарни држави, како Кина, се обидуваат да го зајакнат своето влијание и да го оспорат светскиот поредок заснован на правила.

„Можеме да кажеме дека Кина сега спроведува обемно вооружување кое влијае на регионалната стабилност во Индо-Пацифичкиот Регион“, рече шведскиот министер за одбрана.

Стратегијата, исто така, ги идентификуваше организираниот криминал и насилниот екстремизам како закани за земјата.

Официјалните лица понатаму изјавија дека големите миграциски текови претставуваат ризик бидејќи мигрантите може да се користат како алатка за создавање нестабилност како средство за притисок врз Шведска.

„Ова значи дека треба да се справиме со многу сложена безбедносна ситуација“, заклучи Џонсон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Балканот гори: Над 40 степени во Албанија, Србија под аларм

Следно

Меџити: Балансерот не се укинува, туку се унапредува во закон

Latest from Blog

ФБИ побара од Британија да го „присили“ принцот Андру да биде сослушан за неговата врска со сексуалните престапници

Новите документи објавени утринава вклучуваат сензационално „Барање за помош“ испратено до Владата на Обединетото Кралство, со кое се бара да се организира интервју со тогашниот војвода од Јорк од агенти на ФБИ.

Во пештерата Самотска Дупка на Галичица утврдена хибернациска колонија лилјаци од видот мал потковичар

 За врема на посетата и извршениот мониторинг на биодиверзитетот утврдена е досега најголемата хибернациска колонија  лилјаци на видот мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Преспанскиот регион, со околу 90 единки. Во пештерата се

Министерот Ристовски го отвори реконструираното спортско игралиште во СД „Гоце Делчев“

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Министерството за спорт одговори
Go toTop