Швајцарија победи на Песна на Евровизија

May 11, 2024
2 mins read

Големото финале на Песна на Евровизија започна со обраќањето на принцезата Викторија која им посака среќа на сите учесници на Евровизија. Точно 50 години по победата на Аба со Ватерло, Евровизија повторно е домаќин на овој избор.

Под мотото „Обединети во музиката“, беа претставени сите  финалисти заедно со големата петорка со звуците на музиката на АБА. Големото финале спектакуларно го најавија водителките Петра Маде и Малин Акерман кои најавија шоу за паметење и начинот на гласање.

Финалето го отвори домаќинот Шведска со претставниците Маркус и Мартиниус и нивната песна „Незаборавно“. По нив настапија Украина, Германија, Луксембург, Израел чија претставничка направи вистинска драма на втората вечер, кога публиката во салата воопшто не ја поддржа, а нејзиниот настап беше проследен со свирежи, по неа настапи Литванија, Шпанија, Естонија, Ирска со најконтраверзниот настап на Бамби Туг, Латвија, Грција, Англија, Норвешка, Италија, Србија, Финска, Португалија, Ерменија, Кипар, Швајцарија, Словенија, Хрватска која исто како и првата полуфинална вечер ја крена публиката на нозе. На момент дури и вокалот на пејалот Бејби Лазања беше надгласен од публиката која громогласно пееше со него, дури и посилно од првата вечер. По Хрватска во последниот дел настапија Џорџиа, Франција и Австрија.

Поради учеството на Израел на Евровизија, имаше и масовни улични протести низ Малме. Екстремно левичарската партија Сумар, членка на шпанската коалициска влада, од почетокот на Евровизија покрена петиција со која бара Израел да биде исклучен од финалето на поради војната во Газа.

Наспротив нив, на другот крај на Малме се собраа израелски поддржувачи. Полицијата масовно е присутна во градот, а многумина преку социјалните мрежи и јавно пред камери се заканија дека доколку победи Израел, ситуацијата може драстично да ескалира.

Во 2024 одбележува 50 години откако AБA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со „Ватерло“. Малку е позната дека АБА се натпреварувала и претходната 1973 година, но без поголем успех. По завршувањето на официјалниот дел, во шоуто беше одадена почит на Аба, овојпат со помош на вештачката интелегенција, но и со настапот на Кончита Вурст.

Единствената жена победничка на Евровизија Лорејн имаше свое шоу во паузата на гласањето.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) одлучи претставникот на Холандија, Јост Клајн, да не учествува во финалето на овогодишниот избор за песна на Евровизија. Одлуката уследи по инцидентот што се случи по настапот на Клајн во полуфиналето, што резултираше со жалба од жена член на продукциската екипа и истрага од шведската полиција.

Најпрвин беше претставена жири комисијата, но нивното претставување не помина без свирежи од публиката. Од земјите прва гласаше Ирска која 12 поени додели на Швајцарија, потоа Англија која 12 поени додели на Португалија, Луксембург 12 додели на Швајцарија, Азербејџан 12 поени додели на Швајцарија, Сан Марино 12 поени даде на Швајцарија, Малта на Швајцарија, Хрватска 12 поени додели на Португалија, Албанија 12 поени даде на Швајцарија, Чешка 12 поени додели на Украина, Израел 12 поени даде на Луксембург, Австралија 12 поени даде на Ирска, Данска 12 поени даде на Швајцарија, Шпанија 12 поени додели на Швајцарија, Норвешка 12 поени даде на Швајцарија, Германија 12 ја даде на Шведска, Ерменија 12 поени додели на Франција, Словенија 12 поени даде на Франција, Грузија 12 поени даде на Швајцарија, Швајцарија 12 поени даде на Грција, Молдавија 12 поени даде на Украина, Грција 12 поени даде на Швајцарија, Естониjа 12 поени даде на Швајцарија, Холандија 12 поени даде на Швајцарија, а нејзиното соопштување на глаови беше проследено со скандирање од публиката, Австрија 12 поени додели на Швајцарија, Франција и даде на Франција 12 поени на Португалија, Италија 12 поени даде на Швајцарија, Финска 12 поени додели на Швајцарија, Португалија 12 поени додели на Швајцарија, Белгија 12 поени додели на Франција, Исланд 12 поени додели на Франција, Латвија 12 поени даде на Швајцарија, Ирска 12 поени даде на Швајцарија, Полска 12 поени даде на Швајцарија, Кипар 12 поени додели на Хрватска, Litvanija 12 поени даде на Швајцарија, Србија 12 поени даде на Hrvatska, Шведска 12 поени даде на Швајцарија.

Според гласовите од публиката и телефонското гласање, и гласањето на земјите кои не учествуваат во натпреварувањето, но имаат право на гласање, Естониа доби 33 поени, Финска 31 поен, Норвешка доби 4 поени, Словенија доби 12 поени, Грузија доби 19 поени, Австрија доби 5 поени, Шпанија доби 11 поени, Србија доби 32 поени, Литванија доби 58 поени, Кипар доби 44 поени, Латвија доби 28 поени, Грција доби 85 поени, Англија воопшто не доби поени, Израел доби 323 поени со што го презеде водството на табелата, Луксембург доби 20 поени, Германија доби 18 поени, Ерменија доби 82 поени, Шведска доби 49 поени, Португалија доби 13 поени, Ирска доби 136 поени, Украина доби 307 поени, Италија доби 104 поени, Хрватска доби 337 поени, со што го презеде водството, Франција доби 227 поени.

На крај останаа Швајцарија со 365 поени и Хрватска со 547 поени, и со 226 поени Швајцарија е победник на Евровизија. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Аце од Либеро бенд се ожени со пијанистката Јована: Свадба македонска, убавина безвременска

Следно

Некогашен НБА кошаркар заврши зад решетки поради измама

Latest from Blog

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели „градоначалничката Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз. Имено, по оној

Гаши: Ќе се обидеме да ја смениме формулацијата 20 проценти за албанскиот јазик

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека „ќе се обидат да ја променат формулацијата  „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ и истакнува дека тоа е прашање на

Новиот Управен одбор на АЕК ќе ја стопира одлуката за покачување на платите за 20 проценти, најави Мицкоски

Новото раководство, односно новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации ќе ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати за 20 проценти во АЕК, истакна премиерот Христијан Мицкоски во

Јонуз за КУРИР: СДСМ со ваква постава не може ни на мали голчиња да го тепа ВМРО-ДПМНЕ, а камоли на избори

Со ваква постава СДСМ не може да го тепа ВМРО-ДПМНЕ на мали голчиња во фудбал, а камоли на избори. Вака аналитичарот Агим Јонуз за КУРИР го кометира новоизбраното раководство на опозициската СДСМ.

Над 1.300 камери ќе бидат поставени на улиците во Атина за да „ловат“ сообраќајни прекршоци

Преку безбедносни камери поставени на улиците во областа Атика, поширокиот регион на Атина, ќе се следат и ќе се „ловат“ сообраќајните прекршоци во грчката метропола, а планирано е воведување и на дигитален
Go toTop