Швајнштајгер: Гвардиола е виновен за падот на германскиот фудбал

July 7, 2023
1 min read

Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер оцени дека тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е еден од главните виновници за слабите резултати што изминатите години ги бележи Германија на фудбалскиот терен.

Швајнштајгер рече дека од доаѓањето на Гвардиола на клупата на Баерн Минхен, репрезентацијата на Германија почнала да го губи својот препознатлив борбен дух и да го копира шпанскиот стил на игра со голем посед на топката.

Швајнштајгер и Гвардиола две години соработуваа додека шпанскиот стратег го предводеше германскиот клуб од 2013 до 2016.

„Кога Пеп Гвардиола дојде во Баерн Минхен, кога дојде во Германија, сите верувавме дека можеме да го играме неговиот стил на игра. Некако ги загубивме нашите вредности. Ја загубивме силата во последните седум, осум години и сега повеќе сме фокусирани на прецизни додавања. Тоа е една од причините“, рече Швајнштајгер во изјава за германските медиуми.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Твитер се заканува со правна постапка против Мета за новата апликација Тредс

Следно

Германската разузнавачка агенција соопшти дека руската и кинеската шпионажа се зголемила во земјата

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална

Проданоски најави еко-акција за пошумување во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави почетокот на нов проект за заштита на природата и создавање позелена животна средина. Со поддршка од Бирото за регионален развој, проектот „Пошумување на споменикот на
Go toTop