Шумски пожари во близина на Измир, закани за живеалишта и масовни евакуации

June 30, 2025
1 min read

Неколку пожари се проширија во станбените области во близина на западната турска провинција Измир, соопштија денеска властите.

Со пожари се зафатени три места што се протегаат на линија долга 12 километри во руралниот Измир, изјави министерот за шумарство Ибрахим Јумакли.

Вкупно 21 лице доби лекарска помош, рече министерот, додавајќи дека шест станбени области се евакуирани во Измир.

Четири авиони и 14 хеликоптери се вклучени во справувањето со пожарите, чија причина останува нејасна, додаде министерот Јумакли.

Претходно, спасувачките екипи работеа во текот на ноќта за да ги локализираат пламените јазици.

Државниот радиодифузер ТРТ соопшти дека неколку автомобили се уништени во пожарите. Летовите на аеродромот во Измир беа привремено прекинати, но подоцна продолжија да се одвиваат.

„Во меѓувреме, екипите се справуваа со шумски пожари во најмалку пет други провинции“, додаде Јумакли.

Првиот пожар избувна вчера меѓу областите Сеферихисар и Мендерес во Измир и брзо се ширеше поради ветрови до 117 км/ч. Пет населби во Сеферихисар се евакуирани бидејќи пожарот се приближува кон станбените области, изјави гувернерот Сулејман Елбан.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре стапува во сила забрана за движење во шумите

Следно

Пациентите со рак на бели дробови оставени без лекови – здравствена криза или институционален хаос?

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop