Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

July 15, 2025
2 mins read

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно дека првиот опозиционер ќе оди со тврдо партиско решение – неговата потпретседателка и екс министерка во Владата на Димитар Ковачевски Каја Шукова, која ќе му се спротистави на Орце Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Официјално Филипче ќе го објави кандидатот за метрополата на крајот на месецот, a дотогаш не се исклучува уште еден обид на првиот опозиционер за независен фаворит, кој би можел да повлече гласови, но тоа засега е малку веројатно. Засега барем официјално ДУИ и Вреди не се истакнале дали ќе истрачаат со свој фаворит за метрополата , но очекувањата се во таа насока.

Од скопските општини, СДСМ се мисли во Кисела Вода да истрча со екс директорот на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, кој беше осомничен за пожарот во Кочани, но за него беше стопирана постапката и не се најде во обвинението. Според неофицијалните информации Мицкоски се мисли за пратеничката Бети Стаменковска. Филипче конечно се очекува да го официјализира и Перо Костадинов за Валандово. По повеќе месечно убедување, но и мислење  – според информациите на ТВ 24, решил да трча за трет мандат. 

Во повеќето општини СДСМ ќе игра со претседателите на општинските општини, а во уште неколку се очекува да има изненадување, главно од колегите на Филипче во лекарската фела. 

Она што е интересно е дека откако пропадна идејата на лидерот ан СДСМ со премиерот и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ да истрачаат со заеднички кандидат во Кочани по катастрофата во „Пулс“ според партиски извори ВМРО-ДПМНЕ веќе на анкети има неколку имиња кои би ги кандидирала, од подршка на в.д градоначалникот Венко Крстевски се откажа и СДСМ и планира да истрча со свој предлог.

Она што е интересно е дека базата на СДСМ инсисистира на поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, каде се планира Мицкоски повторно да го подржи кандидатот од 2021 Александар Јовановски. А според неофицијалните информации од базата на Филипче во Струга симпатии имаат за поддршка и на кандидатот на Вреди и ВМРО-ДПМНЕ Менди Ќира. Како што објави ТВ 24 Филипче и Таравари начално договориле соработка во Куманово, Крушево и Гостивар. А не се исклучува предизборно да има обид и за комуникација меѓу лидерот на СДСМ, но и лидерот на ДУИ  Али Ахмети. А по најавата на потпретседателот на СДСМ дека во одредени општини ќе игра и со Вреди не се исклучува обид за контакт и со коалициските партнери на Мицкоски.

ТВ 24 веќе објави дека најжестокиот дуел во алабнскиот кампус ќе се води во Чаир меѓу актуелниот прв вицепремиер и екс вицепремиерот за евроинтеграции и МНР Изет Меџити и Бујар Османи, како и во Тетово меѓу актуелниот градоначалник Билал Касами и потпретседателот на ДУИ Бајрам Рамадани. Виси и Фатмир Дехари во Кичево, на кој што би му се спротиставил Фатмир Лимани, додека во Струга неизвесен е Зијадин Села.

ВМРО-ДПМНЕ веќе објави дека битката ќе ја бие со најмногу актуелни градначалници, изненадување има во Карпош каде боите на Мицкоски ќе ги брани бизнсиемнот Сотир Лукровски. Мицкски со своите коалициски партнери ќе игра заедно уште од првиот круг на 19 октомври, додека пак Филипче иако не кандидареашее кандидати во неколку доминантно албански општини може да се надева бна тивка со соработка и со ДУИ и со Вреди евентуалниот во вториот круг.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

Следно

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop