Шукова: Имаме четири планови за климатски промени со климатски сценарија и нивните влијанија врз сектори

January 30, 2024
1 min read

Адаптацијата кон климатските промени значи преземање акција за планирање и прилагодување на сегашните и очекуваните влијанија на климатските промени. Како држава имаме изработено четири национални комуникации/планови за климатски промени во кои детално се анализирани климатски сценарија и нивните влијанија врз најзасегнатите сектори, со предложени мерки за ублажување на влијанијата во сите сектори. 

Ова го истакна министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, обраќајќи се на завршната конференција на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, во организација на Центарот за климатски промени.

– Воедно, Министерството го подготви предлог Законот за климатска акција, кој беше неколкупати предмет на јавна расправа во текот на 2023 година, а покрај донесувањето на правната рамка, ни претстои долгорочна соработка меѓу националните и особено локалните институции во делот на спроведување на  мерките за прилагодување, академскиот сектор, како и меѓуресорска соработка – истакна Шукова, додавајќи дека на национално ниво, како мала земја ранлива од климатските промени, ќе посветиме посебни напори во донесувањето на долгоочекуваниот Национален план за адаптација, за чие идно спроведување ќе биде потребна дополнителна финансиска и техничка помош од донаторската заедница.

Директорoт на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, рече дека ризиците поврзани со природни непогоди и кризните влијанија од процесите на климатските промени, за жал имаат нагорен тренд, се почесто се случуваат и предизвикуваат штети и последици по животната средина, материјалните добра на државата, а не ретко се причина и за последици по здравјето и животот на граѓаните.

– Водејќи се од тоа, ЦУК посветува посебно внимание на исполнување на своите законски надлежности во делот на изработка и ажурирање на процените за загрозеност на безбедноста на подрачјата на општините, градот Скопје и Републиката. Овие активности се спроведуваат во организирана и координирана соработка со сите субјекти од системот за управување со кризи, на локално и национално ниво, нагласи Ангелов. бд/ац/

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опасна конфронтација меѓу Тексас и Бајден, 40 000 камиони се упатуваат кон границата

Следно

Тошковски на средбата со грчката амбасадорка предложил мерки за решавање на проблемот со личните документи

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop