Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

May 11, 2025
1 min read

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Каја Шукова, на денешната трибина „За Европа сега и одма“, која што се одржа во Куманово, во организација на Социјалдемократската младина на СДСМ.

Шукова посочи дека еден од приоритетите на СДСМ во Програмата за претстојните локални избори ќе биде декарбонизацијата, односно намалување на јаглеродните емисии во атмосферата, со кои се соочува нашата држава, но и целиот свет.

„Тоа е една од нашите премиси како партија, дека климатски неутрално општество треба да биде она кон кое треба да се стремиме. Впрочем, и во контекст на локалните избори тоа треба да биде еден од столбовите на нашите општини, на политиките – што помалку емисии на јаглерод моноксид и јаглерод диоксид во атмосферата. Тоа значи инвестиции во енергетски ефикасни објекти, тоа значи промена на системите за затоплување во еколошки системи за затоплување“, рече Шукова.

На трибината, Шукова посочи дека е потребна итна реформа на комуналниот сектор и ефикасни услуги за граѓаните и додаде дека СДСМ во Програмата за локалните избори ќе има конкретни решенија и мерки за тоа како треба општините да работат во делот на комуналните услуги и во интерес на граѓаните.

Во дискусијата на трибината, Шукова посочи дека животната средина е портфолио кое ќе ја чини многу државата во процесот на усогласување, бидејќи опфаќа многу области, но е повеќе од неопходно, бидејќи, како што кажа, превенцијата секогаш чини помалку отколку санацијата.

„Ќе мора да се вложат многу напори, но и многу финансиски средства, бидејќи зборуваме за многу подрачја. Зборуваме за заштита на воздухот од загадување – таму имаме многу за интервенции за да го намалиме загадувањето. Секоја зима гледаме со што се соочуваат нашите општини. Втор проблем којшто пак сериозно го гледаме секој ден е управувањето со отпадот. Тука сите имаме своја улога – од секој граѓанин до највисоките инстанци во државата. Мораме многу напори заеднички да вложиме ако сакаме да воспоставиме систем“, рече Шукова.

Говорејќи за политиките за заштита на животната средина, Шукова истакна дека државата и општините мора да им обезбедат ефикасни системи на граѓаните за да можат, на пример, да го селектираат отпадот – значи отпадот треба да ни биде суровина, не треба да завршува на депониите, ние сме една од ретките земји во Европа која 95 отсто од отпадот го депонира- рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Албанија до 17 часот гласале 38,75 отсто од гласачите

Следно

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14:30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје. „Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска, на пазарен ден, заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, изврши обиколка на градскиот пазар и оствари директни разговори со сограѓаните и пазарџиите. Градскиот пазар во
Go toTop