Штрајк на дел од јавниот сектор во Брисел за подобри работни услови и повисоки плати

January 31, 2023
1 min read

Околу 18.500 вработени во белгискиот јавен сектор денеска излегоа на улиците во Брисел барајќи подобри работни услови и повисоки плати во своите сектори особено погодени за време на пандемијата Ковид-19.

Штрајкуваат вработени во болници, домашна нега, домови за сместување и згрижување деца.

Вработените во јавниот сектор протестираат за да привлечат внимание на недостигот на персонал и големиот обем на работа, а истовремено бараат подобри работни услови и поголема плата.

Пандемијата на Ковид-19 го влоши веќе постоечкиот недостиг на здравствен персонал, велат синдикатите, додавајќи дека испратиле „неколку предупредувачки сигнали до различни влади и министри, но безуспешно“.

Синдикатите исто така ја осудуваат белгиската Влада што не дава поголема поддршка за социјалниот и здравствениот сектор во буџетот за 2023 година.

Протестите почнаа минатиот декември и имаат за цел да го привлечат вниманието на очигледниот недостиг на персонал, како и на работните услови кои тие ги опишаа како „неодржливи“.

Овие сектори очекуваат зголемување на платите за да можат да привлечат млада и способна работна сила.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Млада двојка објави видео како танцува на улица во Иран – осудени се на 21 година затвор

Следно

Можниот влез на АА во Владата, тема и на вечерашниот ИО на СДСМ

Latest from Blog

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните
Go toTop