Покрај златниот прстен околу сликата на профилот, најдобрите креатори ќе добијат посебна значка и можност да ја променат позадината на нивниот профил и изгледот на копчето „Like“.
Instagram ја лансираше Rings (Прстени), нова иницијатива за награди насочена кон најдобрите креатори на платформата. На 16 октомври 2025 година, компанијата ќе ги награди 25-те најуспешни креативци со златен прстен и посебна значка што ќе биде прикажана на нивниот профил.
Победниците ќе бидат избрани од жири кое, меѓу другите, вклучува извршниот директор на Instagram, Адам Мозери, филмскиот режисер Спајк Ли, модниот дизајнер Марк Џејкобс и јутјуберот Маркез Браунли (MKBHD).
Програмата Rings доаѓа откако Instagram ја заврши својата бонус програма за креатори и го намали бројот на спонзорства. За разлика од претходните иницијативи, Rings не вклучува парични награди – креаторите ќе добијат само симболично признание во форма на златен прстен, но во многу ограничена количина.
Introducing Rings: an award from Instagram that’s all about celebrating those who aren’t afraid to take creative chances and do it their way. pic.twitter.com/fnRgq0j51i
— Instagram (@instagram) October 6, 2025
MKBHD истакнува дека ова признание е повеќе наменето за „посебна видливост и како еден вид стимул“. Тој додава дека Rings ќе ги награди креаторите кои вложиле најмногу труд во својата содржина, а не нужно оние со најмногу следбеници.
Победниците ќе добијат и можност да ја променат бојата на позадината на својот профил и да го прилагодат изгледот на копчето „Like“.
За потсетување, во 2023 година, Meta ја откажа бонус програмата Reels Play, која беше главен извор на приход за многу креатори на содржини на Instagram и Facebook. Во текот на 2024 година, Мозери изјави дека компанијата разгледува нови модели на компензација, но конкретни планови не беа презентирани.
Во истата година, креаторите пријавија пад од дури 52% во бројот на спонзорски соработки, па затоа одлуката на Instagram да понуди прстени наместо парични награди секако изгледа донекаде контроверзна.
Извор: kurir.mk