Што содржат иницијативите кои го оспоруваат Законот за употреба на јазиците

December 10, 2024
4 mins read

На 11 декември 2024 година (среда), со почеток во 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи 32-та седница со дневен ред за кој се предвидени десет иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права, еден предлог за решавање судир на надлежности и ќе одлучува по два предлози за одлучување, пишува во информацијата на Уставниот суд, за седницата која треба да се одржи утре.

Со иницијативите се оспорува Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр.7/2019) и Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр.7/2019) во целина и одделно: називот на Законот, член 1 ставови 2, 3 и 4, членови 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 од  Законот

Подносители на иницијативите се:

– Ивица Ефремов од Велес и Стив Ангеловски од Битола (У.бр.15/2019)
– Здружението „Светски македонски конгрес“ (У.бр.25/2019, У.бр.67/2019)
– проф.д-р Јове Кекеновски од Скопје (У.бр.29/2019)
– Васко Лазески и други, сите од Кичево (У.бр.30/2019)
– Политичка партија „ВМРО-ДПМНЕ“ (У.бр.32/2019)
– Ивана Митевска од Скопје (У.бр.33/2019)
– Томе Тодоровски, адвокат од Свети Николе (У.бр.34/2019)
– Клементина Брзановска од Скопје (У.бр.36/2019)
– Владимир Стефановски од Скопје (У.бр.37/2019)
– Солза Грчева, и други, сите од Скопје (У.бр.41/2019)
– Политичка партија „Левица“ (У.бр.51/2019)
– проф.д-р Тања Каракамишева-Јовановска, и други (У.бр.162/2019)

Во иницијативите, подносителите го оспоруваат постапувањето на Собранието на Република Северна Македонија во однос на донесувањето на Законот и сметаат дека претседателот на Собранието, иако бил должен, не го вратил предлогот на Законот и не побарал од предлагачот да го усогласи воведот на предлогот на Законот со Деловникот на Собранието, туку го доставил до пратениците со што сторил повреда на Деловникот на Собранието.

„Пред да се одржи општ претрес на седница на Собранието, предлогот на Законот не бил разгледан од матичните работни тела: Комисија за финансирање и буџет, Комисија за политички систем и Комитетот за односи меѓу заедниците, Законодавно-правна комисија со што била сторена повреда на Деловникот на Собранието на Републиката и на Амандман XII точка 1 ставови 4, 5 и 6 на Уставот. Исто така, во иницијативите се наведува дека е противуставно тоа што Законот не бил донесен со двојно мнозинство односно двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Републиката. Воедно, подносителите сметаат дека претседателот на Републиката имал право на суспензивно вето, а објавувањето на Указот на Законот без потпис на претседателот на Републиката е неуставно дотолку повеќе што претседателот на Републиката немал уставно утврден рок, ниту санкција доколку не го потпише указот за прогласување на законот“, пишува во иницијативите.

На веб страницата на Уставниот суд, во ставката „материјални аспекти на оспорување“, пишува:

„Подносителите ја оспоруваат целината на Законот од аспект на Амандманот V од Уставот бидејќи ја проширувал уставната рамка дадена во овој амандман во врска со употребата на јазиците на немнозинските заедници и определувал еднаквост на друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, со македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија во Републиката и во нејзините меѓународни односи, наместо тој друг јазик и писмо да се користат како што е определено со Амандман V точка 1 ставови 3, 4, 5 и 6 од Уставот“.

Во иницијативите се наведува и дека „Називот на Законот“ бил непрецизен и создавал правна забуна, дека се однесува на македонскиот јазик, на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Републиката, како и на јазиците што го зборуваат припадниците на немнозинските заедници кои се под 20% од граѓаните во Републиката, што е спротивно на Амандман V точка 1 ставови 2, 3, 4, 5 и 6 на Уставот, како и на член 51 од Уставот.

Со иницијативите се оспоруваат и посебно секој од 25-те члена од Законот. Членот 1 од Законот е оспорен во делот: „(албански јазик)“ и делот: „согласно овој закон“ и сметаат дека се користат термини што не се содржани во Уставот во кој се наведува „20% од граѓаните“ што било спротивно на Амандман V став 2, 3, 4, 5 и 6 и на член 8 став 1 алинеја 3, член 9 и член 51 став 1 од Уставот. 

Во наводите се наведува дека членот 2 од Законот пропишувал употреба на било кој од службените јазици во судските, управните, …и постапките пред …јавното обвинителство, како и во постапки пред сите други органи, тела и други институции, како и во областа на образованието, науката, здравството, културата, нотаријатот, извршувањето и во други ненабројани области, службени јазици да се македонскиот јазик и јазикот кој го зборуваат 20% од граѓаните што било спротивно на Амандман V точка 1 став 5 од Уставот, на член 8 став 1 алинеја 3, член 60, член 77 и Амандман XI, член 98 односно Амандман XXV, член 106 односно Амандман XXX, член 108, член 114 и Амандман XVI и член 122 од Уставот.

Членот 9 од Законот определувал дека во судските, управните, кривичните, парнични, вонпарнични, како и во другите постапки пред јавните обвинителства и сите други органи, тела и институции, се применуваат македонскиот јазик и писмо и јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните, сите постапки да се водат на македонски јазик и неговото писмо како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Републиката и неговото писмо. Доколку судија, јавен обвинител, странка или друг учесник во постапката е лице кое зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и необезбедувањето на превод за време на целиот тек на постапката претставува суштинска повреда на судската постапка што е спротивно на Амандман V и на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Предмет на оспорување се и членовите 12, 13 и 14 од Законот коишто се однесуваат на матичната евиденција, на личните документи и на патните исправи, при што тие акти припадниците на помалите етнички заедници не ги добивале по службена должност, со што биле ставени во нееднаква положба и е спротивно на Амандманите V и VIII и на член 54 став 3 од Уставот.

Оспорени се и членовите 18, 19 и 20 од Законот кои се однесуваат на основање на посебно правно лице – Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Републиката заради примена и заштита само на тој јазик и писмо, а не и на примена и заштита и на другите јазици и писма на немнозинските заедници во Републиката со што се повредува начелото на еднаквост од член 9 од Уставот.

Со иницијативите се оспорува и член 23 од Законот, којшто, меѓу другото предвидува дека органите се должни да ги применуваат одредбите од овој закон во случај на нивната неусогласеност со јазичните одредби од друг закон без да биде прецизно определено кои се тие одредби, што се однесува и на законите донесени со двотретинско мнозинство што е спротивно на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ангеловски од Сојуз на стопанската комора: 30 години се занимаваме со бизнис, не се случило да се земе толку ефтин кредит како тој од унгарските пари на владата

Следно

Мицкоски: Стотици милиони евра префрале кон ЕСМ, а книжеле како капитални инвестиции

Latest from Blog

Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март

Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана во периодот од 19 до 21 март, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој информираше дека утре судот ќе има

Од март директна авиолинија од Скопје до Амстердам

Од март ќе биде воведена директна авиолинија од Скопје до Амстердам. Аеродромот „Схипхол“ и скопскиот аеродром ќе бидат поврзани со нискобуџетната авиокомпанија „Трансавија“. Македонската и холандската престолнина се поврзуваат после пауза од
Go toTop