Што најмногу поскапе во 2024 година, тоа не се златото и нафтата

December 31, 2024
1 min read

На светските берзи во 2024 година поради намалената понуда, рипна цената на кафето и какаото. Цената на зрната какао, само во текот на оваа година речиси тројно се зголеми, што значително го надмина растот на цените на другите производи.

Во декември, поради послабата жетва, на берзата во Њујорк, какаото достигнаа рекордни близу 13.000 долари за метрички тон. Цената на овој производ расте веќе четврта година по ред, и тоа поради влијание на големите суши, цената расте.

„Секторот земјоделски суровини, предводен од какаото и кафето, забележа најголем раст на цените поради неповолните временски услови во клучните производни региони, што го потенцира ризикот за цените на суровините што се произведуваат и набавуваат од релативно мали географски области“, вели Оле Хансен од данската банка Саксо.

Жетвата кај најголемите производители на какао, Брегот на Слоновата Коска и Гана, е значително послаба поради лошите временски услови, болестите, но и поради шверцот и намалените површини чии сопственици се свртени кон ископување на злато. Сувото време ја намали и понудата на кафе. Цените на кафето Арабика скокнаа на највисоко ниво и поради стравувањата дека силната суша на почетокот на годината ги оштетила плантажите во највисокиот производител Бразил.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филков со честитка за новогодишните празници: Да изградиме општество каде правдата е основа за доверба

Следно

Струмичанец попладнево загина во пожар

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла
Go toTop