Што ќе се случи со принцот Хари кога брат му Вилијам ќе стане крал? Прогнозите не се добри за него, црно му се пишува!

February 8, 2024
1 min read

Состанокот меѓу принцот Хари и кралот Чарлс Трети, кој се одржа пред два дена во Лондон, веднаш по пристигнувањето на синот на британскиот монарх во Британија, е опишан како комплексен. Тој се врати во Америка само 24 часа подоцна.

Неговото доаѓање беше оценето позитивно, имаше надеж дека ќе се смири со својот брат Вилијам. Бидејќи тоа не се случи и бидејќи тој не остана подолго во татковината, експертите ја променија приказната. Се проценува дека кога еден ден принцот Вилијам ќе стане крал, принцот Хари ќе биде исфрлен од семејството.

-„Излези и гледај да не те удри вратата“, е очигледната порака на Бакингемската палата и тоа ќе се случи за време на владеењето на Вилијам, пишува Дејли Мејл.

Само 24 часа откако брзал преку Атлантикот да го види својот татко, тој се вратил во Америка.

Принцот Хари не престојувал во ниту една кралска резиденција ниту престојувал кај некои свои пријатели, а ги има многу во Лондон. Тој престојувал во хотел во центарот на главниот град. Се проценува дека немал друга опција освен да се врати дома.

„Дејствата имаат последици“, се објаснува.

Се претпоставува дека тој не ни зборувал со Вилијам. Хари не ја посети ниту Кејт Мидлтон, пишува Дејли Мејл.

Принцезата од Велс имаше операција на абдоменот на 16-ti јануари и се опоравува во Виндзор. Ќе се врати на обврските по Велигден.

Вилијам вчера ги продолжи своите ангажмани, застанувајќи во местото на својот татко на церемонијата во Виндзор, а синоќа на свечената хуманитарна вечера во Лондон, се заблагодари на поддршката и ја истакна важноста дијагнозата на неговиот татко да биде јавно објавена со цел да се подигне свеста за болест и здравствена заштита.

Хари ја имаше првата „официјална“ средба со кралот по погребот на Елизабета Втора во септември 2022 година. Тој беше во мај 2023 година на крунисувањето на неговиот татко и Камила во Лондон.

Неговата кратка посета на Лондон е и знак дека неговото семејство повеќе не му верува. Извор близок до Вилијам рекол дека постариот брат не сака да го гледа помладиот принц, а некои тврдат дека принцот од Велс се одрекол од својот брат. Војвотката и војводата од Сасекс толку пати ја изневеруваа довербата и открија семејни детали – што веќе никој во палатата не им верува.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ана Павловска-Данева избрана за уставен судија

Следно

Модерна или грда: Уникатна шарена зграда предизвикува контроверзии во Шведска (ВИДЕО)

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop