Што ќе донесе законот за амнестија? – Експертите децидни: Со ова се врши упад во судската власт

October 17, 2023
1 min read

реклама


Што ќе донесе новиот закон за амнестија кој што е во процедура на негово донесување, откако минатиот месец Владата го усвои на седница и до Собранието ќе биде доставено до Собранието по скратена постапка. Експертот по уставно право, професорот Светомир Шкариќ генерално е против донесување амнестија бидејќи, како што вели, со тоа се врши упад во судската власт. Сепак додава дека оваа амнестија не е поради некоја рационалност туку повеќе од потреба, за растоварување на затворите.

„Затворите се пренатрупани нема место за нови криминалци, така тоа го дозволивме и поради немарност на одгооврните лица за одржувае на затворските услови мора правото да страда. Со секоја амнестија а со оваа посебно, прешироко се навлегува во судската власт. Фактички Собранието преку овој закон игра улога на суд и тоа суди по кратка постапка“, вели Светомир Шкариќ.

реклама

И за академик Владо Камбовски донесувањето на законот за амнестија Собранието упаѓа во казненото право и порачува дека амнестијата треба да се дава со голема причина.

„Кога Собранието секојдневно би донесувало закони за амнестија тогаш сигурно дека тоа би значело значително ограничување на судската власт. И според тоа рестриктивно, Собранието би требало да донесува закон за амнестија само кога за тоа има оправдани причини. Тие причини можат да бидат различни, да речеме, да се поправат одредени неправедни ситуации“, вели Владо Камбовски.

реклама

Треба да се преиспита, главно претегнува аргументот за преоптовареност на затворите.

Поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска го постави прашањето – што ќе се постигне со амнестијата?

реклама

„Дали со амнестијата ќе се расчисти тоа, не сум баш сигурна целосно. Дека можеби еден дел ќе се ослободат затворите, меѓутоа она што е многу важно е дека државата мора да аразмислува прво на друг начин да овозможи извршување на казните да биде на достоинствен начин и соодветен начин“, вели Маргарита Цаца Николовска.

Донесувањето на законот за амнестија кој што е во процедура од Владата го образложуваат дека се носи со цел за растоварување на затворите и помагање на процесот на реинтеграција на осудените лица. Со оваа амнестија нема да бидат опфатени лицата кои се осудени за тешки кривични дела.  Предвидено е лицата кои се осудени на затвор до 6 месеци целосно да се ослободат од издржување на казната а оние со над 6 месеци затворска казна да им се намали казната за една третина. Инаку, ова е седма по ред амнестија што се носи во државава.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Министрите тајно ќе јадат евтино – владата ги избриша цените од мениот од владиното бифе

Следно

Граѓаните да се обединат околу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, да ја оствариме нашата цел – влада без ДУИ, вели Милошоски

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop