Што е Каптагон, синтетичкиот стимуланс на кој режимот на Асад во Сирија, заработи милијарди? 

December 13, 2024
2 mins read

Режимот на Асад во Сирија беше срушен со молскавична брзина, само по неколкудневна офанзива на бунтовничките сили низ целата земја, во која веднаш беше завземен главниот град, Дамаск, а претседателот Башар ал Асад, побегна во Русија. 

Зошто толку брзо се случи целата акција?

Некои сириски аналитичари, како и администрацијата на Бајден, посочија дека главните поддржувачи на Асад – Иран, Русија и Хезболах – биле „ослабени и расеани“ во последните месеци. 

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во септември изјави дека убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, е „историска пресвртница“. Други. пак, аналитичари на состојбите во Сирија, укажаа на уште еден клучен фактор: на малата бела пилула со пар испреплетени полумесечини на едната страна, синтетик и амфетамин кој е многу популарен на Блискиот Исток, познат како Каптагон. 

Експертите велат дека трговијата со дрога од страна на Сирија, која е најголемиот светски снабдувач на Каптагон, помогна да се забрза падот на Асад, затоа што соседните земји, сакајќи да ја намалат поплавата од апчиња, го „напуштиле“.

Пилулата која е популарна дрога не само на Блискиот Исток, е синтетички стимуланс, фенитилин или фенетилин, познат по брендот Captagon. Според Светскиот извештај за дрога на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал минатата година, „главните појдовни области за „каптагон пратки“ се Сирија и Либан.

Керолин Роуз, која ја проучува трговијата со Каптагон во институтот New Lines со седиште во Вашингтон, за ABC News изјави, дека во муслиманските земји каде што алкохолот е забранет со Куранот, Каптагонот е популарен.

 „Таа прави да се чувствувате непобедливо“, рече Роуз. „Те тера да не чувствуваш глад и помага да останете будни до доцна во ноќта. Имате таксисти, студенти, сиромашни луѓе во редот за леб, богати луѓе кои сакаат да изгубат тежина, но имате и борци кои го користат затоа што ти дава енергија и можеш да преживееш со еден оброк дневно“. 

Според студијата од 2023 година, спроведена од непрофитната органиација, Опсерваторијата за политички и економски мрежи, за истражување на организираниот криминал и корупцијата во Сирија, светски лидер во трговијата со каптагон е токму Сирија. Таа генерира околу 10 милијарди долари за земјата и околу 2,4 милијарди долари годишно директно за режимот на Асад.

Според Роуз, растечката трговија со Каптагон беше „економија на зомби“ родена од строгите санкции наметнати на Сирија од страна на Соединетите Американски Држави и Европа.

„Ако некогаш постоел совршен случај за нарко-држава, мислам дека тоа беше Сирија, бидејќи имавте државна безбедност и политички апарат кој го бранеше производството на Капатагон и објавуваше јавен наратив дека не постоел Каптагон“, рече Роуз. 

Метју Цвајг, експерт за санкции во лобирачката група на тинк-тенк Фондацијата за одбрана на демократиите, посочи на друго прашање поврзано со Каптагон, кое исто така може на крајот да придонесе за падот на Асад. 

„Прашањето е дали Асад, воопшто може да ја контролира трговијата“, изјави Цвајг за ABC News. „Или трговијата го контролираше? А истото прашање може да се примени и за преодната влада. Дали тие можат да ја контролираат трговијата или трговијата ќе ги контролира? Има многу пари“, рече Цвајг. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Не ја разбирам загриженоста дека сеопфатните реформи во правосудството може да се сфатат како притисок врз судството, вели Мицкоски

Следно

ПРОЕКТ ВРЕДЕН НАД 300 ИЛЈАДИ ЕВРА: Мицкоски утре на поставување камен темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во Општина Карбинци

Latest from Blog

ЕП усвои резолуција за Србија

 Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во земјата, една година по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад – 457 европратеници

Забрзајте го метаболизмот и ослабете со неколку секојдневни навики

Бавниот метаболизам е една од најчестите причини зошто диетата и вежбањето не ги даваат посакуваните резултати. И покрај вашите напори, бројките на вагата остануваат исти, а чувството на фрустрација расте. Добрата вест

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Управата за јавни приходи (УЈП) направи техничка надградба на своите електронски системи со цел нивното користењето да биде уште полесно и поедноставно. Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е

ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ седнаа и се договорија, тие веќе имаат мнозинство во Советот на Град Скопје.

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги повика граѓаните да му дадат уште поголема поддршка во вториот круг на изборите. – Да се фатиме за работа уште од првиот
Go toTop