Штетата од уличните немири во Франција се проценува на над една милијарда евра: Макрон на средба со над 200 градоначалници

July 4, 2023
1 min read

Во текот на изминатата недела во немирите низ Франција беа уапсени повеќе од 3 400 лица, а 684 полицајци и пожарникари беа повредени, наведуваат владини извори

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе се сретне со повеќе од 200 градоначалници на градовите што го издржаа бранот насилство што ја потресе земјата, по смртоносното полициско убиство на тинејџер од пред една недела.

Макрон ќе изрази солидарност со локалните власти погодени од немирите, во кои беа запалени продавници и јавни згради, вандализирани и ограбени бизниси и запалени возила и канти за ѓубре.

Владата соопшти дека ќе понуди помош за поправка на оштетените јавни институции.

Макрон синоќа, заедно со министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, ја посети полициската станица во Париз во знак на поддршка за безбедносните сили, јави телевизијата БФМТВ.

Во текот на изминатата недела во немирите низ Франција беа уапсени повеќе од 3 400 лица, а 684 полицајци и пожарникари беа повредени, наведуваат владини извори.

Секоја вечер околу 45 000 полицајци се распоредуваат низ целата земја за одржување на редот и мирот.

Но, иако тензиите и натаму се присутни, од неделата полека почна да се намалува насилството на улиците. Синоќа и утринава немаше поголеми изливи на насилство.

Во меѓувреме почнаа да се пресметуваат и економските трошоци. Жефрој Ру де Безие, шеф на француското здружение на работодавачи „Медеф“, предизвиканата штета во насилствата ја проценува на над една милијарда евра.

„Прерано е да се даде точна бројка, но таа е над милијарда евра, не земајќи ги предвид штетите во туризмот“,

изјави тој синоќа за весникот „Паризиен“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се вози без дозвола и под дејство на алкохол: Казнети 180 возачи за еден ден

Следно

Нејмар е казнет со 3,3 милиони долари поради создавање езерце на неговиот имот во Бразил

Latest from Blog

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

„Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што
Go toTop