Штајнмаер: Германија со ниту една земја нема толку интензивни пријателски и семејни односи како со Туркије

April 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека неговата земја нема толку интензивни пријателски и семејни односи како што е тоа случај со Република Туркије, јавува Анадолу.

За време на неговата неколкудневна посета на Република Туркије, Штајнмаер се сретна и со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, а по средбата за новинарите изјави дека Германија и Туркије имаат односи засновани на долга и богата историја и дека му било важно да ја посети Анкара по повод 100-годишнината од основањето на Републиката.

Тој рече дека германско-турските односи не завршуваат само со државна соработка, туку дека важна улога играат и врските меѓу луѓето во двете земји.

„Со ниту една друга земја во светот Германија нема толку интензивни пријателски и семејни односи“, истакна Штајнмаер и потсети дека околу три милиони Турци дошле на работа во Германија по потпишувањето на соодветниот договор во 1961 година.

Штајнмаер понатаму рече дека двете земји треба да продолжат со размената на информации и мислења за случувањата во НАТО, групата Г20, а особено за случувањата на Блискиот Исток.

„Како две земји, незаменливи сме една на друга, си требаме“, порача Штајнмаер.

Осврнувајќи се на најновите случувања во Газа, Штајнмаер рече дека е неопходно да се подобри хуманитарната ситуација во блокираната енклава и да се спречи ширењето на војната во регионот.

„Без политичка перспектива за Палестинците не може да се постигне ниту безбедност за Израел. Таа политичка перспектива може да биде само решението со две држави, мора повторно да преземеме чекори во таа насока“, рече Штајнмаер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Албанија стапи во сила кривичната амнестија, која ќе заштеди 30 милиони евра годишно

Следно

Ердоган: „Туркије повеќе не одржува интензивни трговски односи со Израел, тоа поглавје е затворено“

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop