Шпорет за готвење во природа, македонска иновација наградена за зелена бизнис идеја

October 4, 2024
1 min read

Мобилен шпорет за готвење во природа, е македонската иновација што доби награда на регионалниот натпревар „Зелени идеи“. Производот е на Трајче Рушев од MobiStove и е наменет за сите љубители на природата: планинари, кампери, шумски работници, крос кантри велосипедисти, оператори на екотуризам, организатори на музички фестивали на отворено,…

-Ова е прв пат мојата иновација Mobi Stove да се презентира регионално. Се радувам што жирито ја препозна иновацијата и потенцијалот за комерцијализација и бизнис модел. Истовремено, ме радува и што сите присутни пројавија интерес за цена, нарачка и начин на достава. Mobi Stove e шпорет со иновативен систем и дизајн, наменет за безбедно, лесно и ефикасно готвење во природа, користејќи минимална енергија достапна во природата како отпадна биомаса (суви гранчиња, шишарки, пелети), а притоа, поради доброто и регулирано согорување, да не испушта загадувачки гасови, рече Рушев.

Тој развива и модел што ќе биде наменет за земјите во развој каде, како што истакнува, 2,3 милијарди луѓе готват на отворен оган и на неефикасни шпорети кои испуштаат големи количини гасови.

-Регионалната победа е мотивација и можност овој патентиран производ што побргу да го има во продажба, додава Рушев.

Доделувањето на наградите се одржа вчера, во Мозаик старт-ап студиото во Сараево. Покрај македонската иновација, награди добија и зелени идеи од Косово, Србија и Црна Гора.

На регионалниот натпревар земјава  учествуваше и со идејата „Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување” на Снежана Јаковска (Интеллигент Индоор Фарм) и „BIOHIDE” на Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде.

„Зелени идеи“ постои 13 години и е пионерска програма за поставување критериуми и вредности за бизниси кои истовремено прават добро за животната средина, се важни за заедниците и имаат економска логика.

Во земјава, АРНО го организира натпреварот од 2015 година, вклучувајќи обуки, медиумски апели и програми за поддршка на сите што имаат идеја или зелен бизнис во почетна фаза од развојот. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велковски од Крушево: Иселувањето е еден од најголемите проблеми, потребно е да се преземат итни мерки

Следно

Народен театар Битола уествува на Интернационален фестивал во Полска

Latest from Blog

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се
Go toTop