Шпаркасе Банка останува силно фокусирана на задоволството на клиентите!

March 6, 2024
1 min read

Денес стартуваше имиџ кампањата на Шпаркасе Банка АД Скопје, која и понатаму е силно фокусирана на своите клиенти и на нивните потреби. Со својот експертски тим останува доследна на својата мисија, да гради доверба и долгорочно партнерство, препознавајќи ги очекувањата и потребите на клиентите.

Грижата за клиентите е најважна за Шпаркасе Банка, нивното задоволство останува еден од врвните приоритети. Секое дејство, решение и иновација се насочени кон нивното задоволство и успешност. Континуираната работа на унапредување на понудите, ја прави Шпаркасе прва и единствена банка што воведе фиксни каматни стапки на станбените и на потрошувачките кредити, со цел да обезбеди стабилност и да ја намали неизвесноста што клиентите ја чувствуваат поради условите на пазарот.

Политиките на Банката се надополнети со прецизни предвидувања и обезбедување решенија за иднината, зашто силата и моќта се во иновативните решенија и способноста да се одговори на предизвиците на модерното банкарство во иднината.

Шпаркасе Банка силно верува дека заедно можеме да инспирираме верба и оптимизам, и исто како досега, така и понатаму ќе продолжи да нуди квалитетни и атрактивни понуди на производи и услуги, креирани според потребите на своите клиенти, и да обезбедува најдобри услови и конкурентни каматни стапки на пазарот.

Од своето постоење, Шпаркасе Банка АД Скопје се позиционира како општествено одговорна компанија посветена на одржливост. Една од нашите примарни амбиции е да се развиваме како одржлива банка, задоволувајќи ги потребите на денешницата, и притоа да ја заштитиме иднината за следните генерации.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Прослава во домот на Александра Пријовиќ: Пејачката сподели среќна вест, овој ден има посебно значење (ФОТО)

Следно

Израел одобри 3.500 нови нелегални станбени единици на Западниот Брег

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop