Шпанците: Перез изненаден, играчите му испратија поддршка на Алонсо

December 15, 2025
1 min read
фото: Real Madrid C.F.(X)

Реал Мадрид во неделата успеа да го совлада Алавес на гостински терен со 2:1 и така да го задржи чекорот со водечката Барселона во трката за титулата во шпанското првенство. Победата дојде во исклучително тежок момент за тренерот Чаби Алонсо, кој се најде под силен притисок од јавноста, додека неговиот тим беше десеткуван од бројни повреди и суспензии.

Тренерот Алонсо имаше големи проблеми при составувањето на тимот. Поради повреди не можеше да смета на дефанзивците Дани Карвахал, Едер Милитао, Давид Алаба, Трент Александер-Арнолд и Ферлан Менди, како и на Едуардо Камавинга. Суспензии одработуваа Фран Гарсија, Алваро Карерас и Ендрик, додека дури неодамна од повреди се опоравија Федерико Валверде, Антонио Ридигер, Дин Хејсен и Килијан Мбапе.

Според пишувањето на порталот Defensa Central, претседателот на клубот Флорентино Перез бил многу загрижен кога го видел почетниот состав. Наводно бил шокиран што на позицијата лев бек настапува младиот Виктор Валдепењас и бил песимист пред натпреварот, на кој дури и не отпатувал. Во импровизираната одбрана, заедно со Ридигер и Раул Асенсио како стопери, на позицијата десен бек настапи Валверде.

И покрај сè, Реал стигна до клучна победа. По два последователни порази и лошата серија резултати, победничкиот гол го постигна Родриго во 75. минута, со што Реал се доближи до Барселона на четири бода заостанување. По натпреварот, играчите јасно покажаа што мислат за својот тренер. Defensa Central наведува дека Алонсо во соблекувалната бил пречекан со аплауз и порака:

„Со тебе сме, мистер. Оваа победа е твоја.“

Самиот тренер по важната победа остана смирен.

„Фокусирани сме исклучиво на себе, работиме заедно и се подготвуваме за натпреварите што доаѓаат во ритам на секои три дена. Оваа победа има голема тежина затоа што дојдовме со многу отсутни и суспендирани играчи. Има уште многу работа, но денешната изведба мора да ни биде патоказ за продолжението“, изјави Алонсо.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по пукањето

Следно

Најнови податоци на Евростат: Храната во Македонија 27% поевтина од просекот во ЕУ

Latest from Blog

Најнови податоци на Евростат: Храната во Македонија 27% поевтина од просекот во ЕУ

Цените на храната во Македонија се најниски во Европа, покажуваат најновите податоци на Евростат. Анализата открива значителни разлики во трошоците за храна меѓу европските земји и јасно укажува каде купувањето е најповолно,

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по пукањето

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес предложи построги национални закони за оружје по пукањето на забавата за Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во која во неделата загинаа 16 лица. Албанезе рече дека
Go toTop