Шпански медиуми: Меси ќе ја освои наградата за најдобар фудбалер во 2022

February 27, 2023
1 min read

Аргентинскиот капитен и член на ПСЖ, Лионел Меси, ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во 2022 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), објави шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Во конкуренција за наградата „FIFA Best“, која ќе биде врачена на свечена церемонија вечер од 21 часот во Париз, се и двајца Французи, соиграчот на Меси, Килијан Мбапе и напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Шпанскиот весник наведува дека ФИФА ги замолила сите кандидати да присуствуваат на церемонијата во Париз.

Наградата „FIFA Best“ за 2021 година ја освои Полјакот Роберт Левандовски. (МИА)

Фото: ЕПА

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три основни училишта и една градинка во Чаир ќе добијат фотоволтаици

Следно

Во пожарот кај Охрид пеплосана голема површина трска, пожарникарите четири часа внимавале да не бидат зафатени и околните куќи

Latest from Blog

ФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН – Тројца загинаа, меѓу нив и дете

Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот,

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма
Go toTop