Шпанките се први во Европа кои ќе можат да земат менструално отсуство

June 1, 2023
1 min read

Времетраењето на отсуството не е ограничено и според законот, тоа зависи колку жените имаат болни менструации и колку дена трае болката. Трошоците за отсуство ги покрива државата

ФОТО: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Во Шпанија денеска стапи на сила законот за сексуално и репродуктивно здравје, кој го вклучува правото на жените на менструално отсуство.

На Шпанките им е потребно одобрение од лекар за да го остварат правото на менструално отсуство. Времетраењето на отсуството не е ограничено и според законот, тоа зависи колку жените имаат болни менструации и колку дена трае болката. Трошоците за отсуство ги покрива државата.

Предлог-законот беше одобрен во парламентот во февруари, а министерката за еднаквост, Ајрене Монтеро, тогаш рече дека тоа е „историски ден за унапредување на правата на жените“. Оттогаш, усвоени се некои амандмани за да се олесни пристапот до абортус и промена на полот.

Менструалното отсуство не е вообичаена практика. Во Тајван жените можат да останат дома само три дена во годината, а потоа добиваат само 50 отсто од платата. Во Јужна Кореја, работодавците мора да им дадат на жените еден слободен ден во месецот доколку тоа го побараат, но законот не регулира кој плаќа за тоа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Павар сака да замине од Баерн

Следно

ВИКЕНДОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК – иако ќе имаме големо разочарување за споениот викенд, сепак ни доаѓа највисоката температура досега!

Latest from Blog

Португалската федерација ќе се обиде да се смири со Роналдо

Заминувањето на Кристијано Роналдо од кампот на португалската репрезентација е главна тема во земјата, но и во фудбалска Европа. Фудбалската федерација на Португалија не сака соработката со еден од најголемите играчи во

Божиновска: Со интерконекторите и Вертикалниот коридор ја зајакнуваме енергетската позиција на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека следната недела во Србија ќе се одржи вториот министерски самит со колегите од Грција, Бугарија и Србија, по средбата во Атина

Коњановски: Полни трибини за младата репрезентација – Битола живее за спортот

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва беше дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“, каде младата репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Црна Гора во квалификациите за Европското првенство. Коњановски

Меџити: Чаир се менува од темел – 1.400 метри нов водовод и целосно обновени улици

Во населбата Саат Кула во општина Чаир е реализирана целосна реконструкција на инфраструктурата, која, според градоначалникот Изет Меџити, опфаќа интервенции од подземната инфраструктура до целосно нов асфалт. Меџити посочува дека во рамки

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и
Go toTop