Шпанија планира да им испрати тенкови „леопард“ на Украинците

February 1, 2023
1 min read

Киев успеа да обезбеди договор од западните земји за испраќање тенкови во Украина за да помогнат во повлекувањето на руската инвазија во време кога Москва се обидува да ја сврти ситуацијата на бојното поле и да постигне напредок во источна Украина

Шпанија планира да испрати четири до шест германски тенка „леопард 2“ во Украина, објави денеска шпанскиот весник „Паис“ повикувајќи се на неименувани владини извори.

„Колку тенкови ќе бидат испратени ќе зависи од борбената готовност на тенковите и колку други земји ќе учествуваат во снабдувањето на Украина со тенкови“,

изјави изворот за шпанскиот весник.

Шпанското Министерство за одбрана не беше веднаш достапно за коментар.

Киев успеа да обезбеди договор од западните земји за испраќање тенкови во Украина за да помогнат во повлекувањето на руската инвазија во време кога Москва се обидува да ја сврти ситуацијата на бојното поле и да постигне напредок во источна Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вчера изјави дека неговата влада очекува во првиот бран да бидат испратени од 120 до 140 западни тенка од коалиција од 12 земји. Според него, овие тенкови би ги вклучиле германскиот „лоопард 2“, британскиот „челинџер 2“ и американскиот „М1 абрамс“, а Украина се надева дека ќе се постигне договор за испраќање на француските тенкови „леклер“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

За две недели направени 85 стерилизации и кастрации во ЈП „Лајка“ – Скопје

Следно

Украинските власти извршија претрес во домот на поранешниот министер за внатрешни работи

Latest from Blog

Рубио предупредува: Плановите на Израел за Западниот Брег се закана за прекин на огнот

Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата предупреди дека одобрувањето од страна на израелскиот парламент на закон за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, потег што е еднаков на анексирање на

Eвропски „котел“ е БАЛКАНОТ, рече британскиот премиер по санкциите за бандите од КОСОВО И ХРВАТСКА

Британскиот премиер Кир Стармер го опиша Западен Балкан како европски „котел“, отворајќи го денеска самитот во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Go toTop