Шолц: Украина нема да стане членка на НАТО во скоро време

May 23, 2023
1 min read

Засега западните поддржувачи на Украина треба да се фокусираат на помагање на Киев да се одбрани, а во иднина ќе биде неопходно да се разговара за безбедносните гаранции за Киев, вели Шолц

ФОТО: EPA-EFE/Louise Delmotte / POOL

Украина најверојатно нема да може да стане членка на НАТО во догледна иднина бидејќи не исполнува голем број услови за прием, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц.

„На сите им е јасно дека тоа нема да биде случај во догледна иднина“,

рече Шолц за германскиот медиум „Велт“ со што ги намали надежите на Украина за брзо приклучување кон НАТО по завршувањето на војната.

Критериумите на НАТО, како што вели Шолц, вклучуваат цела низа услови кои Украина во моментов не може да ги исполни.

Шолц за германскиот весник „Ди Велт“ вели дека засега западните поддржувачи на Украина треба да се фокусираат на помагање на Киев да се одбрани, а во иднина ќе биде неопходно да се разговара за безбедносните гаранции за Киев.

„Сега се работи за поддршка на Украина и одбрана на земјата. Потоа ќе треба да разговараме кои безбедносни гаранции може да се дадат во повоена ситуација. Но, ние сме уште далеку од тоа“,

вели Шолц.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се залага неговата земја да се приклучи на НАТО што е можно поскоро. Во поглед на претстојниот самит на НАТО во Литванија, Зеленски неодамна изјави дека таму ќе се расчисти патот за прием на неговата земја во западната воена алијанса. Во јули, членките на НАТО ќе се сретнат на самит во Вилнус. Неодамна, по неговата турнеја низ четири европски земји, Зеленски ги повтори своите надежи дека „има повеќе разбирање за членството во НАТО, тоа ќе дојде, тоа е неизбежно“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вработените во Филхармонијата на протест пред Министерството за култура

Следно

Избори во Туркије: На гласачките места во странство во вториот круг гласале 1.403.757 граѓани

Latest from Blog

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни
Go toTop