Шолц: Не треба да се залажуваме за Кина

February 23, 2023
1 min read

Не треба да имаме илузии за Кина, тие досега не зазедоа став против Русија, вели германскиот канцелар

Photo: EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не треба да се негуваат илузии за Кина, која неодамна се обиде да се претстави како посредник за мир во Украина.

„Не треба да имаме илузии за Кина, тие досега не зазедоа став против Русија“,

рече Шолц во интервју за телевизијата ЗДФ.

Кина веќе неколку недели се обидува да игра посредничка улога во војната во Украина, јавно спомнувајќи досега нејасен план за изнаоѓање политичко решение.

Пекинг вети дека ќе го објави својот предлог оваа недела, пред годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, која е утре, 24 февруари.

Германскиот канцелар, исто така, го повтори своето противење за каква било испорака на кинеско оружје за Русија.

„Јасно кажав на мојот последен состанок со кинеските претставници дека тоа не може да се прифати“,

рече Шолц.

САД оваа недела ја обвинија Кина дека размислува да и испорача оружје на Русија за да ја поддржи нејзината офанзива во Украина, што Пекинг го негира.

Во пресрет на годишнината од почетокот на војната во Украина, Шолц исто така повтори дека „руската инвазија нема да успее и не смее да успее“.

Шолц изјави дека Западот ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно, но не би било „паметно“ за Киев да го користи оружјето кое го добива за да ја нападне руската територија.

Во интервју Шолц рече дека испраќањето авиони во Украина за борба „моментално нема логика“.

На почетокот на месецот Германија одобри испраќање тенкови „Леопард“ во Украина. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжува расправата за избор на новите министри

Следно

Кина: Испраќањето оружје во Украина нема да донесе мир

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop