Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО – Катица Јанева тврдела дека е жена од милион долари

February 8, 2026
1 min read

Поранешната обвинителка во Специјално јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во јавни истапи изнесе сериозни обвинувања за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога СЈО било активно.

Според Кадриу, таа го напуштила СЈО по само два до три месеци од ангажманот, откако главната обвинителка Катица Јанева ѝ соопштила дека „не е тимски кадар“. Како причина за разидувањето, Кадриу наведува дека одбила да работи на предмети засновани на прислушувани разговори за кои, според неа, немало формален прием и попис доставен до СЈО, што го доведувало во прашање нивниот легалитет.

Јас сум жена од милион долари“

Во делот што се однесува на финансиското работење, Кадриу тврди дека Јанева пред колегите изјавувала:
„Јас сум сега жена од милион долари“,
алудирајќи на „вишок“ од околу еден милион евра во буџетот на СЈО, при што, според тврдењата, се барал начин тие средства да се потрошат или распределат, за да не се вратат во државниот буџет.

Кадриу наведува дека во тој период СЈО немало овластен финансиски или сметководствен експерт, а со финансиските прашања се занимавала заменичката на Јанева, Елизабета Јосифовска, која, според изјавата, тврдела дека „се разбира во финансии бидејќи мајка ѝ ја учела“.

Кадриу изјавува дека била сведок на директни политички интервенции, при што високи функционери на СДСМ – меѓу кои Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Зоран Заев – лично доаѓале во просториите на СЈО и одржувале средби со обвинители, давајќи насоки кој обвинител на кој предмет треба да работи.
Според неа, на тие средби учествувале и повеќе обвинители од СЈО, меѓу кои и Гаврил Бубевски, како носител на групата, како и Ленче Ристоска.

Кој навистина го водел СЈО?
Кадриу тврди дека фактичкото водење на СЈО било во рацете на Гаврил Бубевски, додека Катица Јанева, според неа, била избрана поради амбиции за јавна популарност, а не поради обвинителски капацитет и искуство.
Дополнително, таа наведува дека министерот Оливер Спасовски испратил советник со конкретни налози како да се постапува по одредени предмети, што таа го одбила и го избрише советникот од канцеларијата.

Исфрлање од СЈО без процедура
По овие настани, според тврдењата, Јанева ѝ соопштила дека треба да ја напушти канцеларијата и дека повеќе не е дел од тимот, иако, како што нагласува Кадриу, изборот и разрешувањето на обвинител во СЈО е надлежност на Советот на јавни обвинители, а не на главниот обвинител.

Сите наводи се тврдења на Лејла Кадриу изнесени во јавност, а засегнатите лица досега немаат јавно дадено одговор на конкретните обвинувања.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Следно

Коњановски: Одобрен проектот за тартан патека на градскиот стадион

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop