Шкотската Влада ги прекина сите средби со Израел

August 20, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Шкотската Влада денес објави дека ги прекинува сите средби со израелските амбасадори додека не се постигне вистински напредок во постигнувањето мир во Појасот Газа и овозможување непречен пристап на хуманитарната помош до енклавата, јавува Анадолу.

Секретарот за надворешни работи Ангус Робертсон рече дека шкотската Влада нема да прифати каква било покана за идни состаноци со Израел додека не се постигне вистински напредок.

„Ова ќе остане наш став додека не се постигне вистински напредок во постигнувањето мир, неограничен пристап до хуманитарна помош и додека Израел не почне целосно да соработува според меѓународните обврски во истрагата за геноцидот и воените злосторства“, рече Робертсон.

Изјавата е дадена по неодамнешната средба меѓу Робертсон и заменик-амбасадорката на Израел во ОК, Даниела Грудски, пред околу две недели, која наиде на критики од Шкотската национална партија (СНП).

Робертсон рече дека, имајќи предвид дека Грудски ја побарала средбата, негов став е дека ова е „можност да се изрази јасната и непоколеблива позиција на шкотската Влада“ за потребата од итен прекин на огнот во Газа.

„И токму тоа го направив. Никој немаше намера оваа средба да биде претставена како поддршка на акциите на израелската Влада во Газа“, рече тој, нагласувајќи дека шкотската Влада е доследна во својата „недвосмислена осуда на злосторствата“ во палестинската енклава.

Напоменувајќи дека многумина ја гледаат средбата како знак за нормализирање на односите меѓу израелската и шкотската Влада, Робертсон нагласи дека е јасно оти би било подобро да се осигури дека агендата е строго ограничена на потребата од итен прекин на огнот во Газа.

„Се извинувам за фактот што не се случи тоа“, рече тој.

Тој додаде дека шкотската Влада никогаш нема да се откаже од изразувањето поддршка за итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, прекинување на испораката на оружје за Израел од страна на Обединетото Кралство и признавање на суверена палестинска држава како дел од решението за две држави.

Поранешниот прв министер на Шкотска, Хумза Јусаф, ја поздрави изјавата, велејќи дека Робертсон „јасно сослушал и размислил за гневот и вознемиреноста“ поради средбата со заменик-амбасадорката на Израел.

„Клучно е тоа што јасно стави на знаење дека не може да има нормални односи со Владата на Израел“, рече Јусаф на социјалната мрежа Х.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Андоновски ќе присуствува на меѓународниот форум на лидери во Чикаго

Следно

Две лица уапсени за убиството кај „Мавровка“, се трага по третиот осомничен

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop