Шилегов ја повика Арсовска да си поднесе оставка – доблесно е да признаете дека сте неспособна да го водите градот

December 21, 2023
1 min read

Шилегов предлага во мај идната година, кога ќе се одржат парламентарните и вториот круг од претседателските избори, да се одржат и избори за нов градоначалник на Град Скопје

Претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, пак, најави дека партијата започнува граѓанска иницијатива за отповикување на градоначалниците преку измени на Законот за локална самоуправа

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов синоќа во објава на Фејсбук ѝ порача на неговата наследничка, актуелната градоначалничка Данела Арсовска, да си поднесе оставка од функцијата, оценувајќи оти главниот град се наоѓа во, како што вели, процес на целосна девастација.

Од примопредавањето на градоначалничката функција на Град Скопје (8 ноември 2021 г.) / Фото: Архива

Шилегов предлага во мај идната година, кога ќе се одржат парламентарните и вториот круг од претседателските избори, да се одржат и избори за нов градоначалник на Град Скопје.

„Почитувана Арсовска, заминете си, поднесете оставка. Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, градот Ви се случи – непланирано. Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа)“,

пишува ексградоначалникот на Скопје.

Во објавата, Шилегов додава оти нема намера, ниту, пак, носталгија за враќање на градоначалничката функција.

Кога е предвиден престанок на мандатот на градоначалникот

Престанок на градоначалничкиот мандат, вклучувајќи го и оној на градоначалникот на Градот Скопје, е предвиден во Законот за локална самоуправа. Таму, јасно е наведено дека мандатот на градоначалникот престанува по сила на закон доколку самиот поднесе оставка. Негово отповикување од функцијата не е можно.

Престанок на мандатот на градоначалникот / Извор: Закон за локална самоуправа

Мандатот на градоначалникот може да престане и во случај на смрт, ако со правосилна пресуда е осуден за кривично дело на казна затвор во траење над шест месеци, ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност, ако настапи случај на неспоивост за вршење на функцијата согласно со Законот за локални избори, во случај на неоправдано отсуство подолго од шест месеци и ако престане да биде жител на општината.

ЛДП најави иницијатива за отповикување на градоначалниците преку законски измени

Оценувајќи оти „граѓаните не смеат да трпат заради неспособноста на локалните власти“, претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, најави дека партијата започнува граѓанска иницијатива за отповикување на градоначалниците преку измени на Законот за локална самоуправа и собирање потписи за референдум.

Моника Зајкова, претседателка на Либерално-демократската партија (ЛДП)

Оценува оти она што се случува во Скопје е знак дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците, а оти целта на ваквата иницијатива е создавање поспособна и проактивна локална самоуправа.

„Се наоѓаме во ситуација во која градоначалниците буквално можат да ги поминуваат своите мандати без реална одговорност и отчетност за нивното (не)сработено, а од тоа страдаат општините и граѓаните. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон оваа иницијатива, заедно да работиме на создавање на отворен и одговорен систем на локално самоуправување во Скопје и во целата земја“,

пишува Зајкова во објава на социјалните мрежи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ши отворено му кажал на Бајден дека Пекинг ќе го обединува Тајван со Кина

Следно

Кинеската и руската војска одржаа „стратегиски консултации“ во Пекинг

Latest from Blog

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои
Go toTop