Шилегов: Арсовска да поднесе оставка, во мај да имаме локални избори за Скопје

December 20, 2023
1 min read

На избори за нов градоначалник на Скопје во мај и оставка на Данела Арсовка повика ексградоначалникот Петре Шилегов на социјалните мрежи.

Шилегов вели дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација.

„Почитувана Арсовска, заминете си. Поднесете оставка. Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа).“, вели Шилегов.

Тој додава дека во мај секако имаме парламентарни избори и предлага заедно со нив да се одржат и локалните избори за Скопје. 

„Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме“, пишува Шилегов на фејсбук.

Поранешниот градоналник на крајот потенцира дека нема камера повторно да влезе во трката за градоначалник на Скопје. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ја зауздавме инфлацијата, обезбедивме економски раст и силно ги помагаме граѓаните, рече вечерва Ковачевски

Следно

Апасиев: Уставен ја прифати Иницијативата на Левица против етничка припадност, Кренар Лога на апарати!

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 23 декември 2025: Дознајте што ве очекува во текот на денот!

БИК Бикови, ништо не сфаќајте лично, дури и ако слушнете навредливи зборови упатени кон вас, знајте дека се е предизвикано од финансиската состојба, дека всушност никој не ве напаѓа. Избегнувајте ги сите

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни
Go toTop