Шестоодделенците ќе стартуваат со помошни материјали, за сите други одделенија учебниците веќе се испорачуваат, велат од МОН

August 29, 2023
1 min read

На шестоодделенците, кои за да добијат учебници ќе треба да почекаат да поминат сите фази на процесот на одобрување, на располагање ќе им бидат помошни материјали кои ќе бидат објавени во електронски формат на веб-страницата на Бирото за развој на образованието

Учениците од речиси сите одделенија на 1 септември ќе ги добијат учебниците, освен шестоодделенците кои за тоа ќе почекаат неколку дена. Од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека сите учебници кои досега се одобрени за користење од страна на Националната комисија за учебници се испечатени, а испораката до училиштата е интезивирана.

Единствено шестоодделенците ќе треба да почекаат за нивните учебници да ги поминат сите фази на процесот на одобрување.

„Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали за учениците и прирачници за наставниците кои ќе бидат објавени во електронски формат на веб-страницата на Бирото за развој на образованието во чија и сопственост се истите“,

се вели во соопштението од МОН.

Досега, како што велат од МОН, учебници се доставени до училиштата во југоисточниот регион, а во општините во северниот и западниот дел на државата сè уште трае распределбата. Исто така, распределбата на учебниците трае и во училиштата во главниот град.

Од Министерството за образование и наука додаваат дека задолжените оператори за испорака на учебниците се максимално ефикасни и во координација со училишните служби работат и за време на викендите.

Во соопштението од МОН се упатува апел до јавноста да ги следи информациите кои ги објавува Министерството, наместо информациите што ги пласираат други страни, меѓу кои, како што велат, често и докажани центри за ширење шпекулации.

Изминатиот период од МОН неколкупати информираа дека учениците од прво, второ, четврто и петто одделение, за кои наставните програми беа креирани минатите две години, ќе ја почнат учебната година со нови учебници по сите предмети. Исклучок ќе биде учебникот по Историја и општество за петто одделение кој беше повлечен од употреба поради потребата од технички исправки и корекции на одредени содржини со неточни податоци. По овој предмет ќе има помошен материјал по кој ќе се изучува материјата додека не се изработи и достави учебникот.

Во седмо, осмо и деветто одделение ќе се користат веќе одобрените учебници од изминатите години, а тиражот ќе биде дополнет со новоиспечатени комплети во број колку што самите училишта пријавиле во текот на мај.

Од МОН велат дека учебниците од четврто и погорните одделенија ќе имаат дигитална верзија, а процесот на дигитализација ќе се одвива етапно.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Њујорк тајмс почна по име да прозива непослушните украински генерали

Следно

Се запали возило на брза помош во Куманово, нема повредени лица иако во него имало пациент

Latest from Blog

Прекината истрагата против Додик, Стевандиќ и Вишковиќ за напад врз уставниот поредок на БИХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) ја прекина истрагата за напад врз уставниот поредок против поранешниот претседател на Република Српска  Милорад Додик, претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, и поранешниот премиер, Радован

Зеленски: Германија и достави на Украина два противвоздушни системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во видео обраќање во Брисел објави дека Германија ѝ префрлила на Украина два противвоздушни системи „Патриот“. Тој го објави ова во видео обраќање до учесниците на Европскиот

На вештачката интелигенција најмногу ѝ оди полски: Англискиот е на 6. место

Иако полскиот јазик се смета за еден од најтешките јазици за луѓето, вештачката интелигенција го разбира изненадувачки добро, постигнувајќи просечна точност од 88% во завршувањето на задачите. Полскиот јазик се покажа како

Мицкоски: Малтретирањето на земјите со вето ги уништува вредностите на ЕУ

„Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да се приклучи на клубот, зошто другите би молчеле?“, праша премиерот  Христијан Мицкоски на самитот за проширување организиран од Еуроњуз, осврнувајќи се
Go toTop