Шестмина повредени од кои четири деца во напади на бездомни кучиња во Тетово

March 14, 2024
1 min read

Во СВР Тетово во текот на вчерашниот ден биле регистрирани шест пријави од граѓани кои биле повредени при напад од бездомни кучиња. Повредени се четири малолетници, како и двајца мажи на 44 и 54 години.

– Три од пријавите се за напади што се случиле на улицата „Љубо Божиновски-Пиш“, и по еден на улиците „Јордан Златаноски“, „Михајло Раичевиќ“ и „Димо-Гавроски-Кара“, информираше СВР Тетово.

Градоначалникот Биљал Касами кој денеска беше дел од кампањата за поголема еколошка свест, на новинарско прашање кога ќе почне најде соодветна начин за справување со бездомните кучиња, се пожали дека има опструкции во подготовка на тендерот.

– Во делот имало некои компликации како што за жал се случува тука кај нас, за се да се прави препрека на Општината. Во делот на подготовка на тендерската документација за да се објави, но работиме да се расчисти тоа да се објави тендерот за избор на фирмата која ќе се грижи за тие кучиња за да согласно тоа работиме во делот на тргање на тие кучиња од градот, истакна Касами од настанот во ООУ „Наим Фрашери“.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Завршни зборови на судењето за адвокатот Менкиновски

Следно

ДИТА СТАРОВА-ЌЕРИМИ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „ВИТЕЗ НА РЕДОТ ЅВЕЗДА НА ИТАЛИЈА“

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop