Шестмина Палестинци убиени од израелски оган во бегалски камп на окупираниот Западен Брег

December 8, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Најмалку шест Палестинци се убиени денес од истрели на израелската армија во бегалскиот камп Ал-Фара на североисточниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека „шест Палестинци се убиени, а многу други се ранети во бегалскиот камп Ал-Фара во близина на Тубас“.

Со овој последен насилен инцидент, бројот на Палестинци убиени од страна на израелската армија на Западниот Брег од 7 октомври се искачи на 271, додека 3.250 се повредени, се наведува од палестинското Министерство.

Палестинската Црвена полумесечина исто така соопшти дека нејзините екипи се справуваат со голем број повредени лица во бегалскиот камп Ал-Фара, вклучително и еден тежок случај.

Израелската армија ги спречи екипите на Црвената полумесечина да дадат медицинска помош во кампот, се додава во соопштението.

Очевидци за Анадолу изјавија дека бројни израелски воени сили упаднале во бегалскиот камп Ал-Фара и извршиле рација во домовите на Палестинците, што довело до конфронтации со десетици Палестинци.

Тензиите низ Западниот Брег се зголемени поради израелската воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Израел ја продолжи својата воена офанзива против Појасот Газа на 1 декември, по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група на отпорот, Хамас.

Најмалку 17.177 Палестинци загинаа, а над 46.000 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, билансот на загинати во Израел, во нападот на Хамас, изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Пендаровски влегува во профилот на потенцијалниот претседателски кандидат на СДСМ

Следно

Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на св. Климент Охридски во Скопје

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop