Шестмина членови на криминалната група Грчец добија затворска казна од вкупно 50 и пол години

July 15, 2025
2 mins read

Вкупно 50 и пол години затвор добија шестмина членови на криминалната група Грчец, уапсени во јануари минатата година, од кои четворица за инволвираност во неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава, додека двајца за злосторничко здружување со цел вршење на кривично дело двојно убиство од одмазда и по порачка. 

Судот ги прогласи Фадил Бајрамовски, Севди Азири, Неџати Исени и Бесим Асани за виновни за кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. 

Бајрамовски, Азири и Исени се осудени на казна затвор пет години, додека Бесим Асани шест години казна затвор. 

Останатите двајца Судот ги прогласи за виновни дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. 

Фати Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од една година и шест месеци за делото Злосторничко здружување и 14 години затвор за делото Убиство или на една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци. 

Шулејб Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од две години за кривичното дело Злосторничко здружување и 14 години за делото  Убиство или на една единствена казна затвор од 15 години. 

Групата не дејствувала инцидентно, туку континуирано и тоа најмалку од јуни 2019 до март 2021 година и во истрагата биле опфатени 15 лица, меѓу кои сега дел се починати, а дел се уште се недостапни на органите на прогон. 

Судијката Фанка Јанчулова Михаиловска, при објава на пресудата рече дека околноста за постоењето на криминална група се потврдува преку континуирано повторување и организирање на набавка на наркотична дрога, а друга околност е користење на исто возило Порше Кајен при набавка на дрога од Албанија и потоа од Белгија. 

-Фадил Бајрамовски јасно знаел и комуницирал и договарал преземање и пренос на дрогата преку апликацијата Скај, додека обвинетиот Бесим Асани не е лице што случајно ја пренел дрогата, туку јасно знаел и престојувал месец и половина во Белгија. Анализирајќи ја комуникацијата од апликацијата Скај за преземање на дрогата од Албанија јасно е дека косоварот е обвинетиот Севди Азири кој ја пренел дрогата од Албанија, изјави Јанчулова Михаиловска. 

Од јуни 2019 до март 2021 година Шеваљ Муареми и други н.н. лица недостапни на органите на прогон формирале и раководеле со група за транспорт и неовластено пуштање во промет на дрога во Македонија. Групата договорила набавка на 14 килограми кокаин од Албанија по цена од 33 илјади евра за килограм и потоа организирала транспорт преку Косово во Македонија. 

Судот, при објава на пресудата рече дека убиството е дел од поголем криминален план за убиство на лица кои им пречат и за што е потврда фактот дека жртвата е рационално и свесно одбрана. 

-Тие свесно одлучиле и останале на одлуката за двојното убиство, што е одлика на криминалната група. Од комуникацијата на Скај факт е дека жртвата е рационално и свесно одбрана, како и набавката на пиштол со пригушувал, панцири и флешери за автомобил. Од комуникацијата јасно е дека двојното убиство е поврзано со престрелката со криминалната група Дуќанџик во Александар Палас. Со оглед на наведеното најмалку тројца учествувале во двојното убиство, без разлика дали Фати или Шулејб пукал или само управувал со возилото, изјави судијката. 

Одбраната реагирала на дел од обезбедените докази преку апликацијата Скај, но Судот, како што објасни, ги прифатил бидејќи биле добиени со меѓународна правна помош од Франција. 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јануари 2024 година отвори истрага против 15 лица, а во јули 2024 до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите Арапски Емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП

Следно

Месечината, Сатурн и Нептун во тесен танц над Македонија вечерва

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop