Шест ракописи во потесниот избор за наградата „Антево перо“

August 14, 2023
1 min read

„Сновиденија“ (Кирил Ангелов)

„Координати на болката“ (Александра Спасеска)

„А што да речам“ (Томе Липовски)

„Болопадание“ (Милена Сиљаноска)

„50 испеани приказни“ (Александар Русјаков).

Наградата „Антево перо“ се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавен поетски ракопис на македонски јазик, а ја доделува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО Скопје, како организатор на Мeѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Во потесен избор за наградата „Антев часовник“, пак, која се доделува на  поети кои творат на македонски јазик, стручната комисија ги номинираше следните три збирки: „Второ детство“ на Емануела Ковачевска Китановска, „Ноќен суфлер“ на Светла Јакшиќ и „Душебол“ на Александра Атанасова.

На следниот состанок, жири – комисијата ќе ја донесе конечната одлука за доделување на наградата „Антево перо“, како и на придружните награди „Антев златник, односно „Антев часовник“ за 2023 година.

Наградата „Антево перо“ се состои од непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

Наградата „Антево перо“ е востановена во 2018 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис) и на конкурсот може да се пријават автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик. Досегашни добитници се:  Славе Ѓорѓо Димоски за „Кумова слама“ (2018), Александра Димитрова за „Дупка“ (2019), Ана Стојаноска за „Потпис: Трепетлика“, Братислав Ташковски за „Небесни разговори“ (2021) и Јулијана Младеновска Тешија за „Куќа“ (2022).

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕРАСКАЖАНИТЕ ПРИКАЗНИ ЗА МАКЕДОНКИТЕ КОИ ЈА ГРАДЕА ИСТОРИЈАТА ЌЕ СИ ДОБИЈАТ ПОСТАВКА ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА

Следно

ЦУК: Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај Ранковце

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop