Шест придобивки од лубеницата

June 7, 2024
1 min read

Лубеницата е вообичаено летно освежување коешто се консумира во долгите топли денови… Овој зеленчук е полн витамини и хранливи материи, па дури и може да помогне при заштита од болести. Следат шест позитивни страни на лубеницата…

1. Ја одржува хидратацијата

– Лубеница со средна големина содржи околу 92 отсто вода, па затоа таа е одлична за да останете хидрирани, вели Елизабет Бејл, од „Елизабет Бејл нутришн“.

Водата е важен дел од функционирањето на телото. Всушност, водата сочинува 60 отсто од составот на човековото тело, што објаснува зошто овој плод игра така голема улога во сѐ тоа.

2. Лубеницата содржи многу витамини потребни на вашето тело!

Меѓу нив се витаминот А, Ц, Б-6. Исто така, лубеницата содржи и магнезиум кој помага во регулирање на работата на мускулите и нервите.

3. Поголема контрола врз тежината

Едно просечно парче лубеница содржи околу 45 калории, што ја прави нискокалорична закуска. Високата содржина на вода во лубеницата пак, може да биде заситена и да помогне при вносот на помалку калории воопшто.

4. Ја спречува болката во мускулите

– Лубеницата содржи Л-цитрулин – аминокиселина којашто помага да се намали болката во мускулите по тренинг. Л-цитрулинот ги шири крвните садови за да овозможи поголем проток на крв во мускулите, што може да ја намали болката со подобрување на снабдувањето со кислород за време на вежбањето, вели нутриционистката Ејми Шапиро

Истражување од 2013 година посочува дека учесниците кои пијат обичен сок од лубеница, или измешан со цитрулин имале помала веројатност од воспаление на мускулите од групата која пиела само пијалак од цитрулин.

5. Лубеницата го намалува крвниот притисок

– Бидејќи цитрулинот помага во отворањето и опуштањето на крвните садови, тоа може да го подобри протокот на крв и да го намали крвниот притисо, вели Шапиро.

Ако човек остане правилно хидриран, тоа може да го подобри крвниот притисок така што ќе му срцето поделотворно ќе пумпа крв во мускулите. Истражување од 2012 година покажа дека лубеницата го намалува крвниот притисок кај возрасни лица со вишок килограми и со висок крвен притисок.

6. Го подобрува варењето

– И влакната се важни за варењето, бидејќи ја регулираат масата на столицата, што го олеснува процесот, вели Шапиро.

Иако лубеницата не содржи многу влакна – околу еден грам по парче, и високата содржина на вода може да помогне да се подобри варењето на храната.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бесарт Ибраими уште една година во Струга

Следно

ДУИ ќе гласа за законот на Мицкоски

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop