Шест лица убиени, 26 ранети во оружен напад во Мексико

December 30, 2023
1 min read

БОГОТА (АА) – Најмалку 6 лица загинаа, а 26 се повредени во оружен напад во градот Кахеме, во мексиканската сојузна држава Сонора, пренесува Анадолу.

Тројца вооружени напаѓачи упаднале во куќа за време на состанок во градот Кахеме, објавија мексиканските медиуми.

Во нападот животот го загубија 6 лица, а 26 се ранети, меѓу кои 4 се во критична состојба.

Обвинителот на Сонора, Салас Санчез, изјави дека од порано постоеле налози за приведување на петмина од шестмината убиени во нападот.

За инцидентот е покрената истрага, а се смета дека судирот е резултат на пресметка на банди.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Домашен притвор за Сали Бериша

Следно

Честитка од министерот Алиу до граѓаните за Нова година

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop