Шешов: Науката знае каде може да се случи земјотрес, но не може да предвиди кога

February 19, 2023
4 mins read

Науката нема интерес да предвидува, иако однапред знае каде каде може да се случат земјотреси, бидејќи постојано со инструменти ги следи движењето на земјината кора, но е многу несериозно, неодговорно, непринципиелно и не е базирано на факти да се каже дека може да се знае кога ќе се случи потрес, вели директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Влатко Шешов во интервју за МИА.

– Ако ние кажуваме дека постои веројатност дека во наредните 100 години ќе се случи еден земјотрес, кој ќе надмине магнитуда, да кажеме од 6 степени, тоа значи дека нашите податоци покажуваат дека во тој временски период тие раседни структури произведуваат енергија која што во еден момент ќе се ослободи и ќе предизвика таков потрес. Тоа е веќе научно искажан факт, нагласува Шешов.

Тој потенцира дека од тој аспект најбитно е да се има широка мрежа на инструменти коишто ги следат и оние микродвижења на земјината кора кои луѓето не ги чувствуваат, во поглед на сеизмичката енергија што се акумулира и да се знае дека во наредниот период во тоа подрачје можеме да очекуваме некој посилен потрес.

– Треба да работиме на тоа како да обезбедиме да се почитуваат техничките прописи, да имаме современи сознанија како сеизмички изолации и слично. Земјотресите ќе си се случат, а ние треба да си ги припремиме нашите згради да бидат ОК и нашите домови да бидат добри за да бидеме сигурни, додава Шешов.

Од тој аспект, Шешов додава дека во земјава во најголем број случаи при изведбата на згради се почитуваат сеизмичките прописи, а контролата на нивната примена што ја врши ИЗИИС и заедно со одговорноста која сè уште постои кај најголем број проектанти и градежници придонесува да имаме сигурни градби.

Според него, доказ за безбедноста на објектите е самиот факт што при серијата земјотреси што се случија во Скопје во 2015 година никаде немаше значајни оштетувања, што претставуваше реална проверка за тоа какви се зградите во земјава. Шешов додава дека не постојат 100 отсто сигурни згради и во случај на земјотрес сите треба да знаеме дека ќе има оштетувања, но битно е да не дојде до колапс на градбите.

Во однос на земјотресот што на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија и големите разурнувања и жртви, Шешов потенцира дека мора да се има предвид дека во овој случај станува збор за исклучително силен потрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, но дека веројатно има и некои недоследности при градбите што резултираа со толкав број на разурнувања, што би требало да се утврди со понатамошни анализи.

– Ги немам сите аргументи и податоци. Меѓутоа мислам и во понатамошните анализи ќе се покаже дека има некои недоследности, јас би рекол системски. Проструија вести дека голем број од тие објекти биле без некоја посебна контрола на градење. Ако немате контрола, немате доволно информации да можете да ги оцените. Гледајќи само по голем број на слики коишто доаѓаат од подрачјата, постојат би рекол некои грешки можеби и во концептот на конструкциите – големи дебели плочи, мали вертикални елементи, столбови коишто се најповредливи за време на земјотрес, арматура онака народски кажано раздвоена, расцветана…, па дури и до квалитетот на материјалите, вели директоот на ИЗИИС, додавајќи дека сепак откако ќе се смири целата ситуација и ќе се направат анализи, ќе може да се види кои се главните фактори и причини за ваквите разурнувања.

Шешов потенцира дека според досегашните сознанија нема поврзаност меѓу земјотресот во Турција и Сирија со серијата потреси што во изминативе две недели се случија во балканскиот регион, како во Романија и Албанија, бидејќи анадолискотото подрачје нема директна корелација со централниот Балкан.

– Бидејќи прво сме на голема оддалеченост, а второ тој расед е на контактот помеѓу одредени плочи коишто не не засегаат многу нас. Меѓутоа, дали овие последните имаат (поврзаност), сметам дека директна немаат, можеби да имаат некоја, ама пак досега немаме такви сознанија, додава Шешов.

Во пресрет на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, како што најави Шешов во интервјуто, ИЗИИС планира да ја одбележи со серија активности, кои почнаа со одржување на работилница посветена на сеизмичката изолација, орагнизирана во соработка со Јапонската асоцијација за сеизмичка изолација (ЈССИ) и со поддршка на Амбасадата на Јапонија.

– За време на работилницата беа присутни повеќе од 50 партиципанти, беше и јапонскиот амбасадор на отворањето и навистина бевме сведоци на размена на искуства, би рекол, и предавања и презентација не само за тоа што значи сеизмичката изолација, меѓутоа уште позначајно што-како сето тоа се имплементира. На оваа работилница интересно е што имавме и ние што да кажеме. Имавме две предавања од наши експерти од Институтот да ги споделиме искуствата со нив, меѓутоа многу е значајно овој начин на заштита на објектите е можеби највисок начин на заштита и еден од најуспешните, впрочем, начини како можете еден објект да го заштитите од евентуални оштетувања за време на силни земјотреси. Меѓутоа, ние имаме знаење. Институтот има акумулирано знаење во истражувачки цели, во тестови, во анализи, меѓутоа, мораме да бидеме искрени оваа сеизмичка изолација оди чекор во чекор со технолошкиот развој на земјата. Потребни се покрај истражувања, примена, технички прописи, индустрија, која сето тоа ќе го поддржи и секако одржување, вели Шешов.

Директорот на ИСИИС потсетува дека еден од најзначајните објекти не само во Скопје, туку и во светот, граден според методот на сеизмичка изолација е скопското Основно училиште „Песталоци“.

– Добро е што нас не има во каталогот на сеизмички изолирани згради во светски рамки, меѓутоа за тоа треба малку повеќе да се вклучи и технологија и индустрија и да има интерес кај градежните компании, додава Шешов.

Во следниве месеци до јули, како што најави Шешов, ИЗИИС ќе спроведе голем број на активности насочени кон подигнување на јавната свест, одржување предавања, тренинзи и обуки што значи земјотресот, како да се однесуваат граќаните при потреси, како да се заштитат во своите домови и како да постапуваат после земјотрес. Дополнително, Институтот ќе направи брз скрининг на неколку објекти брз скрининг за процена на сеизмичката сигурност и ќе организира отворени денови каде што граѓаните ќе можат да ги посетат лабораториите на ИЗИИС.

– ИЗИИС му должи на градот Скопје, бидејќи после скопскиот земјотрес се формира Институтот и ние навистина чувствуваме една посебна одговорност кон градот Скопје и кон тој земјотрес. Впрочем, и ова одбележување на 60-годишнината го сфативме доста сериозно и веќе се почнати и конкретни активности. Имаме и мото, имаме и соодветно лого – „ИЗЗИС за Скопје“, како ИЗИИС може да му се одолжи на градот Скопје, вели Шешов.

Во продолжение следува интегралното видео интервју на директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Влатко Шешов за МИА.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Турција од 6 февруари регистрирани повеќе од 5.700 земјотреси

Следно

Холандија протера неколку руски дипломати, ја затвора канцеларијата за трговија

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop