Шер докажува дека годините се само бројка – на прагот на 80 со помлад партнер

January 10, 2026
1 min read

Секогаш
велиме дека годините се само бројка и навистина стоиме зад тоа, а дека оваа
фраза не е само клише, најдобро докажува славната Шер, за која тоа е апсолутна
вистина. Една од најголемите пејачки на сите времиња за неколку месеци ќе го
прослави јубилејниот 80. роденден, а сигурно не би ѝ дале ни полни 70!

Во друштво
на својот 40 години помлад партнер, Александер Едвардс, беше фотографирана во
Њујорк, при пристигнувањето на забава по емитувањето на емисијата „Saturday
Night Live“, во која гостуваше. Освен по младоликиот изглед, таа привлече
големо внимание и поради враќањето на русата коса, по која ја паметиме и како
што ја гледавме и во изминатите месеци.

Свечениот
стајлинг во нејзин случај вклучуваше светкав топ и светкави црни широки
панталони, искомбинирани со рамни црни чевли, а одозгора носеше црно сако.
Изгледот го надополни со впечатлив накит и младешка фризура, а од партнерот не
се одвојуваше.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прогласен е најопасниот град во светот, ВО ЕВРОПА ТОА Е – МАРСЕЈ

Следно

Што ќе се случи ако еден месец пешачите 20.000 чекори дневно (ВИДЕО)

Latest from Blog

Американски конгресмени го КРИТИКУВААТ МЕШАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА

Републикански членови на Конгресот испратија формално писмо до Урсула Фон Дер Лајен, остро критикувајќи го мешањето на Европската комисија во унгарскиот изборен процес. Како алатки за влијание, тие ги истакнуваат финансирањето водено

Проданоски со велигденска порака: Светлината на Воскресението нека донесе мир во секој дом

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,

Севиља го “реши“ Атлетико Мадрид!

ФОТО:facebook.com/sevillafc.eng/ И тоа како голема победа за Севиља во борбата за опстанок, против учесниците во четвртфиналето на Лигата на шампионите, тимот на Атлетико Мадрид со резултат 2:1. Не се чекаше долго на

Проданоски со велигденска честитка: Мир, љубов и радост за сите граѓани

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,
Go toTop