Шентоп: „Туркије нема да дозволи влез во НАТО на друга држава која ја ослабува нејзината безбедност“

February 2, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) – Туркије нема да прифати друга држава во НАТО што може да ја ослаби безбедноста на Анкара, порача денеска претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, јавува Анадолу.

„Како Туркије, зошто да прифатиме влез на друга држава која ќе ја ослаби нашата безбедност, во организација која треба да ја зајакне нашата безбедност?“, изјави Шентоп во гостувањето на Уредничкиот деск на Анадолу во главниот град Анкара.

„Туркије“, додаде тој, „континуирано нагласува дека Шведска треба да преземе конкретни чекори во врска со терористичката организација ПКК и нејзините ограноци, кои одржуваат провокациски протести во Стокхолм, и покрај тоа што е ставена на листата на терористички организации од страна на ЕУ.

„Но, за жал, се чини дека Шведска нема да го стори тоа“, рече Шентоп.

Осврнувајќи се на палењето примерок на Куранот во Шведска, Шентоп порача: „Сакаме сите свети книги да се почитуваат на ист начин. Имаше обид да се запали Тората, ние велиме дека тоа е погрешно. Го отфрламе секое непочитување на кои било свети книги.“

Тој додаде: „Како академско лице и научник, можам да кажам дека палењето книга само по себе е погрешен, примитивен, фанатички чин. Можете да изразите критика, но палењето книга е примитивен пристап кој потсетува на периодот на инквизицијата и ерата на Хитлер.“

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во мај, одлука поттикната од руската војна во Украина, која започна на 24 февруари 2022 година.

Но, Туркије, членка на НАТО повеќе од 70 години, изрази приговори, обвинувајќи ги двете земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички организации како ПКК и ФЕТО, организацијата која стои зад обидот за пуч во Туркије на 15 јули 2016 година.

Туркије и двете нордиски земји на Самитот на НАТО во јуни потпишаа Меморандум за решавање на легитимната безбедносна загриженост на Анкара, отворајќи го патот за нивното членство во Алијансата.

Во Меморандумот Шведска и Финска се согласија да не пружаат поддршка на ПКК, нејзините ограноци и на ФЕТО, да ги спречат сите активности на терористичките организации, да екстрадираат осомничени за тероризам, да воведат нова легислатива за казнување на актите на терористите и да ги укинат сите ембарга за оружје меѓу трите земји.

Но, турските власти истакнаа дека земјите, особено Шведска, допрва треба да ги преземат неопходните чекори против тероризмот.

Разговорите за кандидатурите за членство на нордиските земји се сопрени по неодамнешните провокациски протести и палењето на Куранот во Стокхолм.

Анкара најави дека ќе го разгледа барањето на Финска за членство во НАТО одделно од она на Шведска.

Осврнувајќи се на неговата одлука да ја откаже посетата на претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен на Туркије, Шентоп рече: „Кога го гледам понатамошниот развој на случувањата, подобро разбирам колку оваа одлука беше мудра. Прашањето не е само еден изолиран инцидент, туку открива еден менталитет, едно сфаќање.“

– Турскиот претседател за Нобелова награда за мир –

Во однос на номинирањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за Нобеловата награда за мир од страна на многу држави, Шентоп рече дека најважното случување во изминатата година е Руско-украинската војна, која сè уште трае, а Ердоган беше тој што презеде чекори за ставање крај на судирите или барем за постигнување хуманитарен прекин на огнот.

„Од 11 држави е побарано претседателот на Туркије, Ердоган, да биде номиниран за Нобелова награда за мир за 2022 година. Ако наградата за мир биде доделена за 2022 година, нејзе ја заслучува Реџеп Таип Ердоган“, рече Шентоп.

Пакистан, Индонезија, Унгарија, Јапонија, Бангладеш, Алжир, Оман, Мали, Габон и Нигер го предложија турскиот претседател за Нобелова награда за мир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Распуштен бугарскиот Парламент, нови избори на 2 април

Следно

Жителите на Гази Баба денеска повторно на протест поради парното греење

Latest from Blog

Кривични против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против поранешните вработени во МВР – В.В. и В.Н. за кривично дело

Јаќимовиќ во Аргумент плус: Додик не избега во Русија, таму е на покана на Путин

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, Драган Јаќимовиќ во Аргумент плус рече дека Милорад Додик не избегал во Русија туку таму е на покана на рускиот пчретседател Владимир Путин. Според него,

Кирил Лазаров објави список со 35 ракометари (ФОТО)

Македонскиот ракометен селектор Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за последните две квалификациски кола од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година. На списокот на Лазаров има 35

ФОТО Галичник во сериозна опасност – патот оштетен од свлекување на земјиште

Селото Галичник е соочено со сериозно оштетување на патот кој го поврзува со други делови на земјата, предизвикано од свлекување на земјиште. Оваа ситуација претставува непосредна опасност за безбедноста на жителите, како

Денот на Европа ќе биде одбележан со хуманитарна трка за Кочани

Делегацијата на Европската Унија и мрежата Europe House годинава ќе го одбележат Денот на Европа со хуманитарна иницијатива посветена на жртвите и погодените од неодамнешната трагедија во Кочани. На 25 мај, истовремено
Go toTop