Шентоп: „Туркије не гледа на Африка како западњаците“

January 31, 2023
3 mins read

АЛЖИР (АА) – ЕСАТ ФИРАТ –

Претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Мустафа Шентоп, рече дека таа земја не гледа на Африка онака како што гледа Западот и додаде дека има работи што Туркије може да ги направи во Африка заедно со Алжир, една од влијателните, моќни и стратешки земји на тој континент, јавува Агенција Анадолија (АА).

Шентоп учествуваше на 17. конференција на Парламентарната унија на Организацијата за исламска соработка, што заврши вчера во главниот град на Алжир, а во разговор со новинарот од АА зборуваше за таа средба, како и за турско-африканските односи, турско-алжирските односи и нападите на Куранот во некои европски земји.

Тој истакна дека на Алжир му е предаден мандатот за претседавање со Парламентарната унија на ОИС и дека на маргините на конференцијата остварил средби со лидерите на двата дома на алжирскиот Парламент, Ибрахим Бугали и Салих Коџил, а разговарале за подобрување на турско-алжирските односи.

Шентоп исто така нагласи дека односите меѓу Туркије и Алжир се на добро ниво откако Алжир стекна независност.

„Имаме историски, културни и верски причини за воспоставување на овие односи. Малку се земјите кои имаат такви основи за воспоставување добри односи. Затоа Алжир е исклучителна земја за нас“, рече Шентоп.

– Односите меѓу Туркије и Алжир можат да создадат голема синергија –

Напоменувајќи дека Алжир е стратешка земја, Шентоп рече дека Алжир е важен поради својата позиција во Медитеранскиот Регион и затоа што е една од највлијателните, најмоќните и најстратешки земји во Африка.

„Затоа, односите меѓу Туркије и Алжир можат да создадат голема синергија во односите во Африка, Медитеранот и целиот исламски свет“, рече Шентоп.

Нагласувајќи дека пристапот на Туркије кон Африка, спротивно на перспективата на западните земји, е хуман и во рамките на принципот на единство, Шентоп рече дека Турците не гледаат на Африка како западњаците.

„Се разбира, ние не ги гледаме африканските земји како западњаците. Исто така имаме историски и културни врски со значителен дел од луѓето кои живеат во тие земји. Имаме религиозни врски особено со северна Африка. Како Туркије, отсекогаш сме биле во надворешнополитички пристап заснован на хумани и хуманитарни принципи и тоа е исто со сите, европските земји, Америка и Африка. Се фокусираме на разговори лице в лице, дијалог и проекција на нашите односи. Ние не го прифаќаме пристапот на европските земји со корпоративна перспектива. Од друга страна, целиме заедно да победуваме, да се развиваме и да растеме заедно“, додаде Шентоп.

– Соработка меѓу Туркије и Алжир во Африка –

Претседателот на турскиот Парламент понатаму рече дека Туркије им носи придобивки на африканските земји со тоа што им обезбедува на луѓето локално вработување.

„Со други зборови, нашите бизнисмени немаат пристап на западњаци кои доаѓаат и ги експлоатираат човечките, подземните ресурси и сите богатства и ги носат во нивните земји. Таквата политика е неприфатлива за Турците“, истакна Шентоп.

Нагласувајќи дека Туркије го применува принципот „вин-вин“ и во односите со Африка, Шентоп рече дека Анкара се залага за соработка заснована на пристап и перспектива што ги има основните принципи на заедничка победа, заеднички раст и заеднички развој.

Истакнувајќи дека турската дипломатска мрежа во Африка е значително проширена и постојано се обидува да ги зајакне односите на политичко и трговско поле, Шентоп нагласи дека Алжир има посебно внимание и дека двете земји заедно можат да направат многу за Африка.

– Билатералните односи се развиваат и во областа на одбранбената индустрија –

Шентоп понатаму рече дека со посетата на алжирскиот претседател Абдулмаџид Тебун на Анкара во мај минатата година се преземени чекори кои придонеле за зајакнување на односите меѓу двете земји.

„По оваа посета беа потпишани многу договори. Направени се чекори напред во меѓупарламентарните, економско-трговските односи и во односите во одбранбената индустрија, особено во енергетските односи“, нагласи Шентоп.

Шентоп исто така рече дека односите со Алжир имаат многу посебно место во очите на Туркије и дека овие односи имаат голем потенцијал.

– Сквернавењето на Куранот во европските земји –

Претседателот на турскиот Парламент, Шентоп, ги коментираше и неодамнешните провокативни инциденти и палењето на примероците на светата книга Куран во Шведска, Данска, како и во Холандија.

Тој рече дека Европа има дволичен и двоен пристап кон муслиманите.

„Овој дволичен пристап во Европа, антиисламскиот и антимуслиманскиот пристап не се промени, а овој менталитет, моделот што беше во крстоносните војни пред неколку векови, продолжува. Гледаме дека се случува тоа“, изјави Шентоп.

Шентоп изјави и дека Шведска, Холандија и Данска се партнери во нападите врз светата книга на исламскиот свет, Куранот, со кои се повредени повеќе од две милијарди муслимани во светот.

„Овие напади се под државен надзор и заштита, под полициска контрола, а државата е соучесник во ова злосторство“, рече Шентоп.

Нагласувајќи дека концептите како што се законот и човековите права во европските земји важат само за европските бели христијани, Шентоп истакна дека законите и човековите права во Европа не важат за сите исто.

– Измамата е откриена –

Шентоп рече дека наведените земји се обиделе да ги објаснат овие напади врз Куранот со слободата на изразување и човековите права, но дека ја смениле својата позиција кога се случил обидот за палење на Тората, откривајќи ги нивните измами.

Тој истакна дека муслиманите во суштина веруваат во Тората и не прифаќаат навреди за Тората.

„Владите на овие земји не дозволија да се запали Тората. Многу е јасно дека ова лицемерие и двоен стандард не е прашање на човековите права или слободата на изразување. На некој начин, не беа потребни повеќе од седум дена за сè да стане јасно“, додаде тој.

Шентоп смета дека исламскиот свет треба поостро да реагира на ваквите провокации и додаде дека исламскиот свет треба да биде поактивен, поефикасен и почувствителен.

„Реакциите дадени за овие настани ги сметам за многу неадекватни, многу слаби, тоа го кажав и овде. Се надеваме дека отсега во организацијата ќе се развие амбиент за гласно да се приговара на ваквите провокации“, изјави Шентоп.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

С Македонија и Бугарија ќе направат сѐ за да не се наруши односот меѓу двете земји, порача Спасовски

Следно

Средба Блинкен – Абас во Рамала

Latest from Blog

Бог се јави! Се празнува БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите и најзначајни зимски христијански празници – Богојавление, познат и како Водици. Празникот се слави уште од вториот век и има длабока духовна и симболична

Мицкоски: Да останеме верни на вредностите, да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничко добро

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата

Проданоски со честитка за Богојавление – Водици до граѓаните на Прилеп

Во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп денеска се одржа светата литургија по повод Богојавление – Водици, традиционалниот празник кој го одбележува Крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Јован

Николоски: Експресниот пат Градско–Дреново ја менува сликата за Пелагонија

Министерот за транспорт Александар Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско–Дреново, нагласувајќи дека со оваа сообраќајница значително се подобрува поврзаноста меѓу Пелагонија и главниот град. „Со овој експресен пат Прилеп, Битола,

Тоневски упати честитка до граѓаните за празникот Водици

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици. „Бог се јави! За многу години празникот Богојавление – Водици. Честитки за Давид Демјанов од Злетово што го
Go toTop